Connect with us

Македонија

На Бугаринот Виктор Стојанов изречена му е доживотна забрана за влез во Македонија

Published

on

„На претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, изречена му е доживотна забрана за влез во Македонија, Ова го потврди тој за порталот „Лупа.бг“. Тој веќе имаше забрана од една година и 3 месеци. Кога му завршила се упатил кон Скопје, но бил вратен назад на граница бидејќи забраната му била продолжена на неодредено време.

„Добив доживотна забрана за влез во Македонија. Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање таму, но непожелен сум. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ја запознаам со ова Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) на Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, рече Стојанов.

Тој потсети дека поради омраза кон бугарскиот народ, влезот на Северна Македонија во ЕУ беше одложен. Оваа одлука беше донесена на Самитот на Берлинскиот процес во понеделникот во Тирана. Зелено светло на патот кон евроинтеграциите добива само Албанија, за која во јануари следната година се отвора преговарачко поглавје.

„Некои опозициски партии се виновни за заостанатоста на Северна Македонија, како и претседателот Стево Пендаровски. Наместо да гради мостови меѓу двете земји, тој постојано ги уништуваше“, истакна Виктор Стојанов.

Според него, Албанија целосно заслужува да го продолжи својот пат кон европската интеграција. Има многу добро законодавство за малцинските права. Во земјата живеат 100.000 Бугари, а во Тирана 12.000. Од Бугарите таму има советници на министри, Бугарите се и директори на претпријатија.

Фондацијата „Македонија“ е активна и во Албанија. Обезбедуваме учебници, алатки, таблети. Таму сме добредојдени и не чекаат“, истакнува Стојанов.

Македонија

Јахоски во конфликт со полицијата: Одбивал да отвори, се обидел да го спречи претресот!

Published

on

Изворите на НетПрес велат дека ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари.

При полицискиот претрес во домот и канцелариите на Асмир Јахоски, еден од осомничените за сомнителните набавки на нафтени деривати, неговиот татко, пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, направил вистински хаос, наместо мирнo да се соочи со органите на прогонот, дознава НетПрес од извори во истражните органи.

Според информациите на порталот, пратеникот одбивал да ги отвори вратите од службените канцеларии и при тоа се повикувал се пратеничкиот имунитет. Додека тимот за претрес се подготвувал да влезе за да го спроведе истражното дејствие, пратеникот се обидел прв да дојде до одредена документација и електронски уреди кои можат да го поврзат со спорните набавки.

Изворите на НетПрес велат дека ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари.

Оваа акција е дел од пошироката истрага за незаконски набавки на нафтени деривати, а истражните органи најавуваат дека никој што го труе и краде својот народ нема да остане недопрен од правдата.

Continue Reading

Македонија

Започна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

Published

on

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев, со што започна нејзината официјална посета на Република Азербејџан.

Двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации.

Ова е прва официјална посета на македонски претседател на Азербејџан.

Continue Reading

Македонија

(Видео) „Ако не носам мазут ќе немаш струја за на фризер“ – Капушевски се подбивал кога му ги истражувале матните зделки

Published

on

Емисијата „КОД“ во 2023 годин истражуваше за матните зделки на, сега уапсените, Ратко Капушевски и газдите не „Пуцко петрол“. Лупевска Созен на својот Фејсбук профил објави каков демант тогш и испратил Капушевски. 

-Кога КОД истражуваше како фирмата на Ратко Капушевски го добила милионскиот тендер за мазут а не била кадарна за тоа Капушевски ни напиша демант во кој меѓу другото стоеше: ” Ако јас не носам мазут нема да има струја а ако нема струја ти не можеш да одиш на фризер да се исфенираш за на емисија”. Ние ја продолживме истрагата без оглед дали сме фенирани или не а таа истрага благодарение и на наводите од истрагата и на тогашните антикорупционери заврши во ОЈО ГОКК кое сега постапува со асистенција на МВР, нпиша новинарката.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк