“Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот, се враќам во Македонија”

Македонецот Орхан Мусевски реши да го напушти животот што го изгради во Германија и да се врати во татковината. Како што истакна, трошоците се зголемуваат, а од платата не може да заштеди ни 100 евра.– Кога ќе ми одземат 600 евра данок од платата, ми остануваат 1.500 евра, а уште 600 евра одат само за собата од 15 квадрати. Зимно време поради зголемени трошоци за парно, станоиздавачот бара 650 евра, а кога дојдов јас платив 350 евра за такво сместување. Потоа почна војната во Украина, се поскапе и сега не успевам да тргнам ни 100 евра – вели Орхан Мусевски.

Како посочи, тој беше многу посреќен во својата земја.– Овие две години во Германија ми одзедоа пет години од животот. Воопшто не ми се допаѓа системот на живот овде. Климата е подобра во Македонија, луѓе, јас бев посреќен, позадоволен во мојата земја. Заработуваш 400-500 евра, ама сите се порасположени од овде, насмеани. Но, секаде во нашата област е всушност подобро. Хрватите, Босанците, Србите, Црногорците се исто така добри луѓе, отворени, поврзани, срдечни, веруваат во Господ… Овде ретко се среќаваат искрени насмевки, а се верува само на пари – рече тој за хрватски Вечерњи лист.

Ниту на многу Германци не им е лесно, но за некој како мене се резервирани најлошите работни места од кои нема шанси, како во минатото, да се смират, да купат стан или нов автомобил – истакна тој.Орхан имал здравствени проблеми кои навреме ги решил. Како што истакна, скапите инјекции не ги платил од свој џеб и за тоа е благодарен, но и онака му е доста од Германија.– Наскоро ќе се вратам на нашиот Балкан, во мојата Македонија. Таму и цвеќињата различно мирисаат… – носталгичниот Орхан, кој не го запозна Берлин иако е во тој град повеќе од две години.– Многу е работа, осум и пол часа сум на работа, а најмногу работам со луѓе од Албанија, Нигерија, Индија… Постојано сме под камери за да не седне некој случајно. До станот патувам повеќе од еден час, кујната и бањата ги делам со четворица наши луѓе, од Македонија, Хрватска и Србија и сите се исти како мене.Дома ни ја прикажуваат телевизијата само негативното и верувавме дека овде е подобро, но овде има многу негативно, само што не е толку ставено во преден план. Зошто би, тогаш кој би дошол да работи во Германија? – вели Орхан, кој играше фудбал во Македонија, а откако малку ќе се одмори во татковината, повторно ќе размислува за работа во странство, но овој пат поблиску до дома, некаде на Балканот