Connect with us

Бизнис

Трошоците за живот пораснати за 42,5% од 2020 година

Published

on

Стапката на инфлација во септември годинава достигна 2,6% на годишно ниво, соопштуваат надлежните институции. Во споредба со август, месечната инфлација изнесува 0,3%.

Анализите покажуваат дека трошоците на живот значително пораснале во последните години. Споредено со декември 2020 година, вкупниот раст на трошоците на живот достигнува 42,5%, што е знак на континуираниот притисок врз домашниот буџет на граѓаните.

Економистите посочуваат дека, иако инфлацијата се стабилизира на пониско ниво во споредба со претходните години, цените на основните производи и услуги продолжуваат да растат.

Бизнис

БОЖИНОВСКА: Директна авиолинија Скопје – Прага една од темите на средбата со делегација од Чешка, која е во посета на Македонија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, одржа средба со делегацијата на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, која престојува во официјална посета на државава.

На средбата, како што соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, се разговарало за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Посебен акцент бил ставен на иницијативата на министерката Божиновска за воспоставување директна авионска линија Прага-Скопје, која би ја олеснила поврзаноста меѓу двете земји, поттикнувајќи ја соработката во трговијата, туризмот и бизнисот.

Министерката Божиновска ги потенцирала можностите за проширување на соработката со чешки компании во областа на енергетиката, со акцент на вложувања во обновливи извори на енергија, модернизација на енергетската инфраструктура и воведување иновативни технологии.

Во текот на средбата била разгледана и можноста за воспоставување партнерства помеѓу чешките универзитети и македонските образовни институции, со цел размена на знаења, заеднички истражувачки проекти и отворање на нови можности за студентите од двете земји.

Оваа средба, како што се наведува во соопштението, претставува уште еден чекор во градењето на посилни билатерални односи и продлабочување на пријателството меѓу Чешката Република и Македонија.  

Continue Reading

Бизнис

Што се случи по преземањето на Теленор од 4иГ во Црна Гора?

Published

on

Црногорскиот телекомуникациски сектор забележа значајни трансформации по влегувањето на унгарскиот технолошки и телекомуникациски конгломерат 4iG. Со преземањето на Теленор Црна Гора во 2021 година, 4iG донесе подобрување на поврзаноста, ја зголеми конкуренцијата и ги поттикна технолошките иновации.

Една од најголемите промени што ја донесе новиот оператор беше забрзување на дигиталната трансформација во Црна Гора. Претходно, дигиталната инфраструктура и услугите на овој пазар заостануваа зад околните земји.

Компанијата инвестираше многу во мрежната инфраструктура, проширувајќи ја покриеноста со 4G и иницирајќи тестирања за 5G, со план за целосно воведување на 5G во наредните години. Ова брзо трансформирање помогна Црна Гора да стане регионален центар за дигитални услуги, во корист на индустриите како туризмот, финансиите и образованието преку создавање нови можности за раст и иновации.

„Во 4iG, даваме големо значење на пазарите каде што го инвестираме нашиот капитал и експертиза за да поттикнеме силни деловни односи.

Нашата стратегија не позиционираше како лидер, способен да го поддржи развојот и дигитализацијата во сферата на 5G технологиите во Западен Балкан.

Ние сме посветени на воспоставување доверлива и безбедна мрежа за нашите клиенти, истовремено обезбедувајќи нашите инвестиции да даваат одржлив придонес преку супериорни услуги“, нагласи Пал Заранди, раководител на мобилната и 5G-стратегија на групацијата 4iG.

Засилена конкуренција и подобрени услуги е уште една значајна промена стекната со отворањето црногорскиот телекомуникациски пазар. Пред доаѓањето на 4iG, телекомуникацискиот сектор во Црна Гора беше со ниска конкурентност на пазарот, што резултираше со повисоки трошоци за услугите и ограничен избор за потрошувачите.

Доаѓањето на новиот оператор, поттикна промени, се зголемија понудите со предности и поволности за корисниците, конкурентни односно намалени цени и зголемени услуги, понуди и кориснички пакети. Пазарот се раздвижи со тоа  што другите оператори започнаа да ги следат и да ги подобруваат своите понуди, што на крајот им беше од корист на потрошувачите со подобри услуги и повеќе избор.

„Како дел од групата 4iG, станавме движечка сила во дигиталната трансформација во Црна Гора, инвестирајќи 40% повеќе ресурси и зголемувајќи ја нашата работна сила за речиси 20% од крајот на 2021 година.

Овие инвестиции го подобруваат искуството на клиентите, го поттикнуваат растот на вработените и поставуваат нови стандарди во квалитетот на телекомуникациите“, изјави Бранко Митровиќ, извршен директор на ОНЕ Црна Гора.

Поставувањето на 4iG на црногорскиот телекомуникациски пазар може да се гледа како преседан за другите пазари на Балканот, отворајќи простор за понатамошни проширувања. Тековните инвестиции на компанијата во подобрувања на мрежата, дигиталните услуги и задоволството на клиентите се очекува да ја подобрат позицијата на Црна Гора како дигитално напредна земја во регионот.

За релативно краток период, присуството на 4iG внесе нови правила на игра и нови стандарди во телекомуникацискиот сектор на Црна Гора. Ефектите се веќе видливи, потрошувачите добиваат подобрени услуги, бизнисите пристапуваат до напредни дигитални алатки. Како што 4iG продолжува да расте, посветеноста на групацијата на иновациите и развојот ветува трајни придобивки за економијата, работната сила и дигиталната иднина на Црна Гора.

Continue Reading

Бизнис

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Published

on

Убедливо најголем нето извозник меѓу македонските котирани компании е скопски „Алкалоид“. Од големите производствени компании во големото друштво на извозници се „Макстил“ и „Либерти“, „Вабтек“, најголемата македонска винарија “Тиквеш“, „најголемата прехранбено-кондиторска индустрија „Витаминка“, а од Прилеп на листата секако дека не може без Мермерниот комбинат. Од скопските компании чии акции се котирани на берзата тука се и „Усје“ и „Реплек“.

Наша постојана економска болка е трговскиот дефицит и веќе некако и научивме да живее со тоа. Но Македонија има и своја не толку голема, но одбрана група компании кои се економски патриоти во вистинска смисла на зборот. Затоа што со сите сили и ресурси помагаат да се крепи и одржува конвертибилноста односно вредноста на нашата државна валута – денарот.

А тука особено мислиме на компаниите кои произведуваат дома, користат сопствени ресурси, суровини и полупроизводи, ангажираат домашни стручњаци и наша работна сила на светот му продаваат македонски продукти за кои светот плаќа во конвертибилна валута.

Целиот текст на Фактор.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк