Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски го одбележува Светскиот ден на поправките: Патот кон зелена иднина за Кисела Вода

Во идниот “Центар за поправки” во Кисела Вода, за првпат во Македонија, беше одбележан денешниот Светски ден на поправки, во организација на Општина Кисела Вода и здружението “АРНО”.  На прес-конференцијата беа најавени два важни повика: еден за мајстори и граѓани со вештини за поправки, и друг за донација на оштетени играчки.

Градоначалникот Орце Ѓоргиевски, кој даде поддршка на иницијативата, обезбедувајќи простор за идниот Центар, ги повика граѓаните активно да се вклучат во промоцијата на циркуларната економија.

-Ми претставува голема чест што Кисела Вода е првата општина која заедно со здружението АРНО за прв пат во Македонија, го одбележува Светскиот ден на поправки. Оваа иницијатива е од големо значење, бидејќи ја истакнува важноста на циркуларната економија и зачувувањето на животната средина преку поправки, пренамена и креативна реупотреба на предметите. Јас сум израснат во духот на штедливост и скромност, во времиња кога културата на поправка беше начин на живот. Времиња кога амбалажата беше скапа и недостапна, облеката се носеше со генерации, а животната средина беше сочувана. Верувам дека одбележувањето на овој ден е одличен формат, и како општина која секогаш ги препознава потребите на своите граѓани, со задоволство го гледаме овој проект како можност да поттикнеме интерес за сервисот за поправка, пренамена и креативна реупотреба на предметите. Во економијата во која живееме, поправките често се изоставуваат, а ние знаеме дека преминувањето од линеарна кон циркуларна економија е клучно за заштита на животната средина. Сакам да најавам дека овде, каде што сме денес, веќе на почетокот од следната година Кисела Вода ќе има свој сервис за поправки, каде што ќе ги вклучиме нашите сограѓани и мајстори. Ги повикуваме сите кои поседуваат вакви вештини да се приклучат на овој повик и заедно да придонесеме за нашата заедница и локалната економија. Воедно, сакам да најавам дека преку оваа соработка со здружението АРНО, за време на нвогодишните празници ќе донираме поправени играчки на деца од семејства со помалку можности. Ова е само почеток на една долгорочна заложба за екологија и солидарност-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Претседателката на АРНО, Ирина Јаневска, го најави отворањето на „Центарот за поправки“ следната година.

-Денес го одбележуваме овој ден симболично, но веќе од следната година, планираме да го отвориме „Центарот за поправки“, каде покрај поправки и работилници, ќе организираме и pop-up настани. Планираме и мала концептуална продавница за производите на зелените и социјалните бизниси што ги поддржувме преку нашите програми. Секој главен град во светот има ваков простор, често и во форма на кафуле за поправки (Repair Café). Ние го видовме концептот пред седум години, преку Еразмус проект во Ријека, и веднаш знаевме дека ова е логичен продолжеток на она што го правиме во делот на зелено социјално претприемништво и циркуларна економија. Убедени сме дека ова е корисно и за животната средина, и за паричниците на граѓаните-истакна Ирина Јаневска.

Проектниот координатор од АРНО, Антонио Даниловски, истакна дека акцентот оваа година е ставен на мапирање на мајстори и промоција на солидарност:

-Светскиот ден на поправки го одбележуваме под слоганот „Поправки за сите“.АРНО е во потрага по луѓе кои имаат вештини за поправки на разни предмети, освен бела техника, или креативци кои можат да пренаменат стари предмети во нови– како креветчиња за миленици од гуми или лампи од отпад. За да осмислиме активности за центарот, потребни ни се граѓаните и медиумите. Исто така, ги повикуваме сите кои дома имаат оштетени играчки, на пример паднато окце на играчка слонче или скршено тркалце на количка, да ги донираат за поправка-изјави Антонио Даниловски.

Ова е првпат Македонија да се приклучи на ова глобално движење, што ја истакнува важноста на локалните иницијативи. Во рамките на одбележувањето, беа одржани и две работилници со ученици од СУГС „Ѓорѓи Димитров“, од паралелките за шумарско-дрвопреработувачка и хортикултурна струка. Под водство на инструктори, учениците поправаа дрвени играчки и изработуваа вазни од тегли, со цел промоција на култура на поправки.

Македонија

Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка

Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!

„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.

Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.

„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.

Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.

 Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг