Connect with us

Бизнис

ЛИДЛ ПОВТОРНО ВРАБОТУВА: Овој пат бара менаџери на маркети, еве ги условите

Published

on

Лидл – Македонија повторно вработува. Овој пат се бараат менаџери на маркети.

За потенцијалните апликанти, од компанијата информираат дека потребно е:

  • Завршено минимум средно образование, универзитетско образование ќе се смета за предност

• Пожелно е претходно работно искуство

• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

• Одлични организациски и комуникациски вештини

• Возачка дозвола Б категорија – активен возач

• Ориентираност кон постигнување резултати и способност за решавање проблеми

• Претприемачки дух и способност за носење одлуки

• Способност за давање конструктивен фидбек и за делегирање активности

Бизнис

КАФЕТО ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ ВО 2025? Компаниите се соочуваат со растечки трошоци и недостиг на суровини

Published

on

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека производителите се потешко доаѓаат до суровина, а компаниите кои вршат преработка и продажба се соочуваат со зголемени трошоци.

Според најновите истражувања, зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнуваат компаниите да се адаптираат на новата економска реалност која е обременета со високи цени на зрната кафе и логистички проблеми.

Глобалните залихи се исцрпуваат поради екстремните временски услови. Експертите предвидуваат дека жетвата на арабиката во Бразил може да падне за над 10 отсто, додека родот на робуста во Виетнам може да се намали до 10 проценти до крајот на 2025 година.

Берзанските аналитичари смируваат, велат дека цената на кафето се очекува да расте и во 2025 година, но со намалено темпо. Наскоро се очекува и стабилизарање на пазарот, имајќи го предвид енормниот раст во 2024 година.

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.

– Речиси при секое влегување во маркет, забележувам поскапување на кафето. Обично купувам кога е на акција, а гледам и пакувањето да биде поголемо, со оние неколку грама „гратис“ означени на амбалажата. Во овој период, сметам дека е зголемена потрошувачката зашто кафето се подарува скоро секојдневно, ако се земат предвид сегашните и претстојните празници – вели за МИА потрошувач од Скопје.

Додава и дека купува кафиња кои се продаваат „во пакет“, по две, со кој следува и подарок, како и дека ако „начека“ поевтино, купува повеќе за да се најде.

Според Илија Миновски, ЦЕО во РИО ДООЕЛ – Илинден, цената на суровото кафе моментно е зголемена за повеќе од 70 отсто во однос на почетокот на годината.

Целиот текст на: Плусинфо

Continue Reading

Бизнис

ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА ТТК БАНКА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ – НБМ даде согласност за Драгољуб Арсовски

Published

on

Долгогодишниот директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, ќе остане уште еден мандат на малата но успешна ТТК Банка. 

„Ве известуваме дека, со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-34165/9 од 25 декември 2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. 

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката 02-7540/5 од 30.9.2024 година со која проф. д-р Драгољуб Арсовски е повторно именуван (реизбран) за член, тој исто така е избран и за Претседател на Управниот одбор – Генерален извршен директор на ТТК Банка АД Скопје“, се векли во соопштението од ТТК Банка. 

Како што веќе објави Фактор, ТТК Банка спаѓа во рангот на малите но успешни банки, а на крајот на септември 2024 година имала актива од 160 милиони евра. 

Банката е една од најуспешните мали банки, секогаш остварува високи добивки, и таа е всушност креаторот на финансиската моќ на нејзиниот главен акционер, тетовксииот комбинат Тетекс, кој во ТТК банка има сопственост од над 41 отсто. 

Инаку, на почетокот на минатиот месец, Собранието на акционери на банката ги именувало Бобан Гоговски, Драгица Јовановска, Евгенија Трпоска, Михаил Петковски и Албион Риза, за членови на Надзорниот одбор на ТТК банка. 

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Бизнис

НОВОГОДИШНИ „ПАКЕТЧИЊА“ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МАКПЕТРОЛ“ – сите се офајдија со по 500 евра

Published

on

Компанијата „Макпетрол“ сподели интересна ценовно чувствителна информација од своето работење, а која не е поврзана со некакви евентуални сопственички или менаџерски промени. 

Туку, станува збор дека на своите вработени им е поделен новогодишен надоместок, како што доликува на големи и успешни компании. 

„Имајќи ги предвид залагањата на вработените за извршување на работните обврски, а по повод Новогодишните празници, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје, објавува дека на своите вработени им исплати новогодишен надоместок во нето износ од 30.000 денари. Грижата за вработените е значајна за успешноста на Друштвото на долг рок и претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ А.Д. – Скопје“, се вели во објавата како ценовно чувствителна информација на Берзата.

Во првите девет месеци од годинава „Макпетрол“ имаше одличен Биланс на успех. 

Односно, македонскиот нафтен гигант во периодот од јануари заклучно со септември годинава оствари оперативни приходи од над 377 милиони евра, или прецизно 377,2 милиони.

Чистиот профит, пак, е одлични 13 милиони евра за трите квартали, бележејќи и солиден пораст од 18 проценти.

Извор: Фактор.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк