Повторно летови од Скопје до Дубаи и Барселона, летови и кон Лион, Штутгарт, Базел и Истанбул – шест нови авиолинии од 2025 година

Двапати неделно до Дубаи, директни летови и до Барселона, до Штутгарт, до Лион и до Базел – Милхаус, како и четири пати неделно од Истанбул до Охрид.

Се воведуваат шест нови авио линии, од кои четири се на „Визер“, една на „Флај Дубаи“ и една на „Туркиш Ерлајнс“.

Владата ќе ги субвенционира авиокомпаниите со пет милиони евра за патници на доаѓање, со цел да се поттикне туризмот.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски соопшти дека се подготвува и втор повик и се надева дека во декември ќе може да презентира и други нови дестинации.