Connect with us

Uncategorized

Тешка сообраќајна незгода во Тетовско

Published

on

На 28.10.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Жеровјане патничко возило ,,венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.Ф.(92) од с. Жеровјане, удрило во пешаците И.С.(65) и О.С.(69) од с. Жеровјане и М.З.(66) од с. Теново.     Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Ф. и пешакот О.С., додека И.С. и М.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Uncategorized

Ноќна акција во Тетово: Петмина приведени

Published

on

На 19.11.2024 околу 18.00 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                          

Continue Reading

Uncategorized

Земјотрес ја стресе Србија

Published

on

Апаратите на Сеизмолошкиот завод на Србија утринава во 7 часот и 18 минути регистрираа земјотрес во областа Лесковац со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

Синоќа во 19:53 часот земјотрес со иста јачина е регистриран во Велика Греда, општина Пландиште.

Continue Reading

Uncategorized

Eвропската Комисија предвидува уште поголемо заостанување на ЕУ зад САД

Published

on

Економијата на еврозоната би требало уште повеќе да заостанува зад САД, објави во петокот Европската комисија, откако ја намали прогнозата за раст за 2025 година на 1,3 отсто.

Ова намалување во однос на претходната прогноза во мај, која предвидуваше раст од 1,4 отсто, укажува на растечки песимизам за економските перспективи на ЕУ, која се повеќе заостанува зад САД, пишува Фајненшл тајмс.

Оценките на Брисел остануваат пооптимистички од оние на приватниот сектор. Според прогнозите составени од Consensus Economics, економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 1,1 отсто, што е значително помалку од очекуваните два отсто за САД.

Главниот економист за еврозоната во ИНГ банка, Карстен Брзески, смета дека прогнозите на ЕК се преоптимистички и додава дека ревидираните проценки не ги земале целосно предвид структурните слабости на економијата во регионот.

Прогнозата на ЕК за еврозоната е значително послаба во споредба со посветлата перспектива за американската економија, која, според проценките на Брисел, ќе порасне за 2,1 отсто во 2025 година и 2,2 отсто во 2026 година. Германија, најголемата економија во ЕУ, стагнира во последните две години додека нејзините производствени компании се борат да се натпреваруваат со странските ривали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк