Connect with us

Македонија

Полицијата уапси 20 годишна девојка од Тетово, ова се причините

Published

on

На 31.10.2024 година, во 23.00 часот на улица,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, согласно судска наредба за издржување на затворска казна во рок од 3 месеци и 10 дена, во врска со сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ ја привеле А.А.(20) од тетовско Ларце.Таа ќе биде предадена во КПУ затвор за жени во Скопје, за да ја одлежи казната.

Македонија

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

Published

on

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.

„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Големи промени и нестабилно време: Еве какво време не очекува во наредниот период

Published

on

Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени дождови. Наместа, дождот ќе биде пороен (над 15 л/м²) и ќе биде проследен со грмежи и силен јужен ветер (над 60 км/ч). Поинтензивни врнежи се очекуваат утре вечер, преку ноќта и в четврток претпладне, информира УХМР.

Преодно стабилизирање на времето ќе настапи в петок. Сепак, во сабота локално, а в недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе доведе до опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).

Во Скопје се очекува променливо облачно и топло време со повремени дождови. Во делови од котлината, врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер, особено ноќта кон четврток. Нови врнежи се очекуваат и в недела и понеделник.

Continue Reading

Македонија

Јахоски во конфликт со полицијата: Одбивал да отвори, се обидел да го спречи претресот!

Published

on

Изворите на НетПрес велат дека ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари.

При полицискиот претрес во домот и канцелариите на Асмир Јахоски, еден од осомничените за сомнителните набавки на нафтени деривати, неговиот татко, пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, направил вистински хаос, наместо мирнo да се соочи со органите на прогонот, дознава НетПрес од извори во истражните органи.

Според информациите на порталот, пратеникот одбивал да ги отвори вратите од службените канцеларии и при тоа се повикувал се пратеничкиот имунитет. Додека тимот за претрес се подготвувал да влезе за да го спроведе истражното дејствие, пратеникот се обидел прв да дојде до одредена документација и електронски уреди кои можат да го поврзат со спорните набавки.

Изворите на НетПрес велат дека ситуацијата ескалирала во моментот кога полицијата пронашла сеф со оружје и кеш пари.

Оваа акција е дел од пошироката истрага за незаконски набавки на нафтени деривати, а истражните органи најавуваат дека никој што го труе и краде својот народ нема да остане недопрен од правдата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк