Connect with us

Забава

Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје поради трагедијата во Нови Сад

Published

on

Познатата српска пејачка и миленичка на публиката Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје во знак на солидарност со семејствата на загинатите во Нови Сад.

– Толку сум уморна од снимање вакви пораки. Веќе не знам ни што да кажам, ме болат градите, се чувствувам ужасно. Нема доволно голем збор да изразам колку ми е жал за се што се случи во Нови Сад. Срцето ми е со секој член на семејствата на било кој што загинал, или се бори за живот или на кој било начин е загорзен од тоа, рече Марија во своето видео-обраќање на Инстаграм.

– Поради тоа што во мојата земја Србија е Ден на жалост, донесов одлука да не пеам во Скопје. Апелирам до моите фанови да ја разберат мојата одлука, важно е само да сме добро, да сме живи и здрави, секогаш ќе има пеење, порача Шерифовиќ видно тажна и потресена од трагедијата. 

Концертот е презакажан за 10.ноември на истата локација. 

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк