Connect with us

Бизнис

„Изи Џет“ се повлече од Македонија, нема повеќе летови Скопје – Женева

Published

on

Британската компанија „Изи Џет“ која е помеѓу топ нискобуџетни авио-компании во Европа се повлече од Македонија и повеќе нема да оперира од Скопскиот аеродром. Оваа авио-компанија ги одржуваше летовите на релација Скопје – Женева – Скопје. Последниот нивен лет беше реализиран пред 3 дена, односно на 01 ноември 2024 година.

Ваквото откажување е голем губиток во македонскиот авиосообраќај од причина што ние како држава имаме огромна дијаспора во Швајцарија која сега ќе се соочи со прекин на оваа дестинација.

Од „ТАВ Македонија“ велат дека оваа дестинација не е дел од нивниот зимски ред на летање и дека сите нивни дестинации се добиени од страна на авиокомпаниите

„ТАВ Македонија“, како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, го подготвува редот на летање за зимската сезона (од крај на октомври до почеток на март) и за летната сезона (од крај на март до крај на октомври), согласно најавите за летови (дестинации и фреквенции, односно број на неделни летови на тие дестинации) добиени од страна на авиокомпаниите.

Моментално, Женева како дестинација, не е дел од зимскиот ред на летање (2024/2025) што започна на 27-ми октомври, а истиот може да се најде на веб сајтот на скопскиот аеродром: https://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-mk/flights-mk/page/timetable-document-mk, велат од „ТАВ Македонија“.

Бизнис

Се бараат работници со средно образование – почетна плата 65.000 денари

Published

on

Bazaro има потреба од следните работни позиции:

ВИДЕО ЕДИТОР

Потребни квалификации:

Завршено средно образование
Со и без работно искуство – предност имаат тие што се со работно искуство
Познавање на англиски јазик
Познавање на работа со компјутер.

Очекувани вештини и способности:

Организирање и контрола на работењето
Вештини за брзо и ефикасно решавање на проблеми
Снаодливост со секојдневни предизвици и изнаоѓање на решенија за истите
Професионален однос и деловна етика.

Личен профил:

Изразени комуникациски способности
Љубезност, услужливост
Организирање и контрола на работењето

Вештини за брзо и ефикасно решавање на проблеми
Самоиницијативност и посветеност на работата
Способност за тимска и самостојна работа.

Ние нудиме:

Почетна Плата: 65.000 денари
Обезбеден превоз до работно место
Обезбеден топол оброк

Работно време од 08-16 часот од понеделник до петок
Слободни викенди
40 работни часа
Локација Визбегово

Рок за пријавување: 02.12.2024

Повеќе инфо имате тука

Continue Reading

Бизнис

Цените на нафтата паднаа кон 71 долар, надвладеа стравот за побарувачката

Published

on

Цените на нафтата паднаа до 71 долар на меѓународните пазари во средата, бидејќи стравувањата за побарувачката преовладаа кај инвеститорите, при што главните производители ги намалија прогнозите и знаците за забавување на економијата во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше пониска за 65 центи во однос на затворањето на пазарот во вторникот и изнесуваше 71,24 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 54 центи пониска цена, по 67,58 долари.

Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), објави дека барелoт од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во вторникот поевтинил за 1,41 долари на 71,51 долари.

На крајот од минатата седмица и првата половина од оваа, индициите за послаба кинеска побарувачка и новите проценки на OPEC за оваа и следната година го одбележаа расположението на пазарите. Во вторникот, нафтениот картел повторно ја намали проценката за растот на побарувачката во 2024 година, од 2,03 милиони на 1,93 милиони барели дневно. Во 2025 година, според новите проценки, треба да се зголеми за 1,74 милиони барели дневно, 100 илјади барели пониско од она што беше пресметано во октомври.

Групацијата повторно ја издвои очекуваната послаба побарувачка во Кина поради забавувањето на економската активност, особено во градежниот сектор и преминот кон почисти енергенси. Во такви услови кинеската побарувачка годинава би требало да се зголеми за 450 илјади барели дневно, приближно 100 илјади барели пониско од претходните пресметки на OPEC.

Истовремено, инвеститорите беа разочарани што Пекинг, наместо директни стимулации за економијата, одлучи да го ограничи огромниот долг на локалната власт.

Тежиште на цените е зајакнувањето на доларот по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД бидејќи ја спречува побарувачката од купувачите на други валути.

Инвеститорите, исто така, се обидуваат да откријат како составот на кабинетот на Трамп може да влијае на понудата и побарувачката. Ново-стариот американски претседател се подготвува на функцијата државен секретар да го назначи сенаторот Марко Рубио, познат по неговите „воинствени“ ставови кон Иран, Кина и Куба.

„Назначувањето на Рубио може да ги подигне цените на нафтата, бидејќи неговиот цврст став кон Иран може да резултира со нови санкции и потенцијално да ја намали глобалната понуда за 1,3 милиони барели дневно“, пишува Ешли Келти од „Panmurа Liberum“.

Иранскиот министер за нафта порача дека Техеран подготвил план за зачувување на производството и извозот на нафта и дека се подготвени за можни нови американски ограничувања, според веб-страницата на министерството.

Continue Reading

Бизнис

Чифлиганец и Азманов станаа „ортаци“! Во која голема банка двајцата бизнисмени се втор и трет најголем акционер?

Published

on

Пазарната вредност на акциите кои фирмите на Чифлиганец и на Азманов ги поседуваат во НЛБ Банка надминува 6,2 милиони евра. Толкави се нивните вложувања во акции на НЛБ Банка за кои познавачите велат дека течат од оваа пролет до сега…

Градежната компанија „Адора Инжинеринг“ на Ванчо Чифлиганец и „Настел“ на Зоран Азманов станаа втор и трет најголем акционер во НЛБ Банка една од трите најголеми деловни банки во Македонија.

Во извесен актуелен временски период и двајцата градежни магови купувале акции со право на глас во НЛБ Банка.

Според актуелна состојба на акционери во НЛБ „Адора Инжинеринг“ сега поседува над 5.100 акции. Нивната актуелна пазарна цена е над 3,8 милиони евра. Оваа количина акции во вкупната структура акции учествува со 0,6 отсто.

Скопската компанија „Настел“ поседува над 3.100 акции со право на глас во НЛБ Банка. Нивната пазарна вредност согласно со последната берзанска цена изнесува 2,4 милиони евра. Количината акции што ја поседува „Настел“ во вкупната сума акции на НЛБ Банка учествува со 0,37 отсто.

Како следен најголем акционер фигурира скопска „Комерцијална банка“ која има нешто повеќе од 2.800 акции во НЛБ Банка, но од банката објаснуваат дека Комерцијална банка не е сопственик на акции во НЛБ Банка АД Скопје. Станува збор за старателска/и сметка/и отворена/иво име на Комерцијална банка АД Скопје, а за сметка на нејзините клиенти за кои ја извршува функцијата Чувар на хартии од вредност/депозитарна банка, односно Чувар на имот.

За појаснување, согласно правилата за работа на ЦДХВ, „Старателска сметка е сметка за хартии од вредност на име на овластен учесник на пазарот на хартии од вредност или банка чувар на имот на пензиски и инвестициски фондови, отворена врз основа на договор за чување хартии од вредност и/или договор за чување имот на пензиски и инвестициски фондови, и на која се водат сопственичките позиции за сметка на трето лице. Сопственик на хартиите од вредност на оваа сметка никогаш не е овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност и/или банката чувар на имот на пензиски и инвестициски фондови, туку лицето за чија сметка овластениот учесник и/или банката чувар на имот за пензиски и инвестициски фондови води грижа за хартиите од вредност (инвеститор)“.

Инаку, само да потсетиме дека убедливо најголем акционер во НЛБ Банка Скопје е словенечката „Нова Љубљанска банка“ со седиште во Љубљана, Словенија. Како доминантен сопственик таа поседува 742.804 акции со право на глас односно 87 отсто од сите акции со право на глас во таа банка. Пазарната вредност на акциите на словенечкиот акцонер во НЛБ Банка е над 555 милиони евра.

Според познавачите на состојбите и трендовите на македонскиот пазар на хартии од вредност двете скопски градежни компании го интензивирале купувањето акции во НЛБ Банка од пролетва наваму. Веројанто нивната проценка е дека вложувањето на ликвидни средства во акции на НЛБ Банка е добра и конкурентна инвестиција која ќе носи добри дивиденди, но може да носи и капитална добивка.

Повеќе детали за тоа како работи НЛБ Банка може да прочитате на овој линк https://faktor.mk/koja-e-dobitnata-kombinacija-shto-na-nlb-banka-i-donese-44-milioni-evra-profit-za-devet-meseci

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк