Connect with us

Бизнис

Корпа вработува доставувачи во Тетовo

Published

on

Имаш сопствено превозно средство и бараш нова работa


Нам ни требаат ДОСТАВУВАЧИ во Тетово.

Доколку сакате и вие да се приклучите на тимот на Корпа, аплицирајте веднаш

Својата пријава можете да ја испратите на овој линк https://korpa.mk/kurir во порака или на ?????@?????.?? со назнака за доставувач за Тетово. За сите дополнителни прашања и информации контактирајте нѐ на +38975464134

Бизнис

ИЗВЕДУВАЧОТ БАРАЛ УШТЕ ПАРИ, А НЕ ИЗГРАДИЛ НИТУ ДЕСЕТИНА ОД ДОГОВОРЕНОТО Раскинат е договорот за изградба на далекуводот до Албанија

Published

on

Од АД МЕПСО велат дека од почнувањето на проектот досега се реализирани само 24 од планираните 269 фундаменти за столбови (8,9%), доставени се 51,2% од опремата, а изведувачот неколку пати го напуштал градилиштето.

Раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 киловолтен далекувод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, информира АД МЕПСО.

Од компанијата целат дека изведувачот не ги исполнил обврските, а барал повеќе пари.

„До неодложно раскинување на договорот доведе неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања, поради значителното зголемување на трошоците за материјали и услуги. Тоа доведе до неможност за постигнување согласност меѓу двете страни. Договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, беше склучен на 7 февруари 2020 година, со рок за завршување од 30 месеци. Рокот истече на 30.5.2023 година. Треба да се истакне дека во овој период, изведувачот неколку пати го напушташе градилиштето, барајќи дополнително плаќање, што беше одбиено од АД МЕПСО заради типот на договорот, клуч на рака“, соопшти МЕПСО.

Од МЕПСО додаваат дека и покрај повеќекратните напори за усогласување и преговарање, не бил постигнат договор и затоа е донесена одлука тој да се раскине.

„Од почнувањето на проектот досега се реализирани 24 од планираните 269 фундаменти за столбови (8,9%), а доставени се 51,2% од опремата. Имајќи ја во предвид настаната ситуација, слабата динамика, напуштањето на работата, цениме дека раскинот на овој договор, всушност претставува почеток на завршување на овој проект, кој е врвен приоротет за АД МЕПСО и за Владата. АД МЕПСО останува посветен на завршувањето на 400 кВ интерконекцијата со Албанија и веќе започна подготовки за рестартирање на проектот. Успешната реализација на оваа интерконекција останува приоритет, бидејќи ќе ја зајакне регионалната енергетска стабилност и интеграција, со значителни придобивки за Македонија, Албанија и за регионот во целина“, велат од АД МЕПСО.

Друштвото ќе иницира нова тендерска постапка според насоките на ЕБОР за избор на нов изведувач кој ќе продолжи со изградбата.

Continue Reading

Бизнис

НОВА ДИРЕКТНА АВИОНСКА ЛИНИЈА ОД СКОПЈЕ

Published

on

На релацијата Скопје-Амстердам, „Трансавија“ ќе сообраќа двапати неделно почнувајќи од 2 март.

Нискобуџетната компанија „Трансавија“ од март следната година ќе започне со летови Амстердам-Скопје, објави денеска порталот „Екс ју авиејшн“.

На релацијата Скопје-Амстердам, „Трансавија“ ќе сообраќа двапати неделно почнувајќи од 2 март.

Continue Reading

Бизнис

Се постави камен-темелникот на мега-шопинг паркот во Гевгелија

Published

on

Овој нов трговски центар ќе има голем инпут за економијата во Гевгелија, соопшти од Владата.

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес 22.12.2024 година (недела) во 11:00 часот, ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Општина Гевгелија, соопшти прес службата на Владата.

Изградбата на мега шопинг парк е на вкупна површина од 19.000м2.

Овој нов трговски центар ќе има голем инпут за економијата во Гевгелија. Ќе бидат отворени над 300 нови работни места, а покрај тоа ќе придонесе за привлекување на уште поголем број транзит туристи во градот.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк