Connect with us

Uncategorized

МЕПСО: Интензивни работни активности за изградба на 400/110 kV ТС Охрид

Интензивни градежни активности се вршат на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата 400/ 110 kV трансформаторска станица Охрид. 

Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план, информираат денеска од МЕПСО.

На површина од 80 000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда на станицата, се работи на изведба на фундаменти за монтирање на челични носачи на опрема во 400 kV постројка.

-Членовите на Управниот Одбор на чело со генералниот директор Бурим Љатифи, ја потенцираа важноста на овој капитален инфраструктурен проект и за државата и за регионот бидејќи со инвестицирање во преносната мрежа градиме добрососедски односи и се поврзуваме со цел, поголем економски просперитет и повисок стандард за граѓаните. Со проектот се заокружува електроенергетското поврзување со сите наши соседи, се овозможува поголема сигурност, стабилност и доверливост на нашиот електроенергетски систем, но и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија како и учество на пазарите на балансните и системски услуги, велат од МЕПСО.

Според компанијата, проектот за интерконективно поврзување со соседна Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа. Опфаќа две компоненти а тоа се 400 kV далекувод ТС Битола 2 – албанска граница и изградба на ТС Охрид која ќе има 400 kV влез и излез, и три излеза на 110 kV ниво кон Охрид, Струга и Ресен.

Advertisement

Uncategorized

Нападната девојка во Тетово – Полицијата со брза реакција

На 24.12.2025 во 22:05 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал 39-годишната Б.С. од Скопје дека додека се движеле со патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг