Connect with us

Бизнис

Владата ги дефинира цените на производите опфатени со новогодишната кошничка

Published

on

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките.

-Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од министерот за економија, остварена е комуникација со коморите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа се гледа од извештаите што ги објавува Државниот завод за статистика. Видовте дека по не знам колку време, месечната инфлација е во минус и изнесува 0,7 проценти, односно сме во дефлација кога ќе се споредат октомври и септември. Жал ми е што од опозицијата тоа беше критикувано, но бројките се немилосрдни. Ефектите од мерката граѓаните може да ги почувствуваат и се гледа во бројките, октомври има намалување, нема веќе инфлација, туку има дефлација од -0,7, а беше 0,3 отсто во септември во однос на август. Сега имаме еден процент надолу што е заштеда од 1 000 до 1 300 денари, но тоа не е доволно, ќе продолжиме да работиме. Не можеме се веднаш и преку ноќ, но важно е да се гледа дека работиме, граѓаните да сфатат дека има генерација политичари кои сакаат да работат, веќе петти месец правиме се што можеме за животот на граѓаните да им биде подобар, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на три патни правци кај Велес.

Бизнис

Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, наменета за граѓаните на Гази Баба и општините Бутел и Чаир

Published

on

Почнувајќи од денес, започнува со работа новата подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, лоцирана во скопската населба Гази Баба, која првенствено е наменета за граѓаните на Гази Баба, но и за околните општини Чаир и Бутел. Подрачната канцеларија се отвора по цели 12 години и во неа граѓаните ќе можат поблиску, побрзо и полесно да ги добијат услугите на агенцијата од сите организациски единици.

Станува збор за целосно нов, опремен и реновиран простор, лоциран во скопската населба Автокоманда (улица Трифун Хаџи Јанев бр. 10), веднаш до дирекцијата на Агенцијата за катастар на недвижности.

„Отворањето на новата подрачна канцеларија е чекор напред во процесот на доближување на услугите до граѓаните, преку кои тие ќе бидат подостапни за секого. Оваа новина е во насока на доближување на услугите на агенцијата до граѓаните на една од најголемите и економски развиени општини во државата. И, не само Гази Баба, туку и Чаир и Бутел. Посебно задоволство ми е што на крајот на годината реализираме еден важен проект на кој заедно со мојот тим макотрпно работевме во изминатиот период“, истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.

Агенција за катастар РМ

Тој додаде дека и во следната година ќе продолжи фокусот на подобрување на корисничкото искуство, доближување на услугите до граѓаните, како и нивна модернизација и дигитализација, процеси кои веќе започнаа оваа година.

Агенција за катастар РМ

Живковски информираше дека подрачната канцеларија во населбата Автокоманда ќе биде отворена за граѓаните секој работен ден во периодот од 07:30-15:30 часот.

Continue Reading

Бизнис

Владата доби фактура од ЕВН за 60 милиони евра субвенционирана струја за домаќинствата

Published

on

Субвенционирањето, иако не е изразено во фактурите продолжува. Министерството за енергетика и ЕСМ се насочени кон намалување на производната цена, за да се намали јазот меѓу цената по која се произведува струјата и онаа која се продава на домаќинствата и на малите фирми

Домаќинствата и малите компании кои се на регулираниот пазар не ја почувствуваа многу енергетската криза. Цената на електричната енергија беше субвенционира од страна на државата. Но, како што рече министерката за енергетика Сања Божиновска на брифингот со новинарите, фактурата за тоа субвенционирање стигна и изнесува 60 милиони евра за две и пол години.

-Мора да работиме на подобрување на финансиската состојба на ЕСМ. Новиот Управен одбор пред себе има тешка задача да ја консолидира компанијата. Производната цена на ЕСМ е многу висока. Трошоците за производство на мегават-час за 4 години скокнаа од 50, на 133 евра за роизведен мегават-час во РЕК Битола, а на ниво на АД ЕСМ 112 евра за мегават-час. Е сега прашање е како тоа се случи. Се користеше многу лош јаглен, не се правеа редовни ремонти, видовте што се случи со адитивите … – рече Божиновска.

Целиот текст на Слободен Печат

Continue Reading

Бизнис

Mинимална плата 500 евра бараат од СКСЗМ

Published

on

Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Комората денеска повторно го актуелизираше и прашањето за поврат на ДДВ-то кон компаниите. Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура, и претходната и сегашната Влада доцнат со враќањето на данокот.

-За администрацијата, нашите предлози се од претходно, уште пред да дојде оваа Влада. Мислиме дека администрацијата е преоптоварена и сакаме дел од неа да се преквалификува во приватниот сектор. За минималната плата, исто така, зборуваме веќе една година и бараме да биде 31 500 денари. Бараме и придонесите да се намалат зашто мислиме дека се превисоки и тоа е товар што ја пенализира платата. Кај нас е прогресивно, што повеќе плата даваш, даваш и повеќе придонеси. На илјада евра се плаќа 52 отсто, не се плаќа 47 отсто. За минималната плата се плаќа 47,5, а за повисока плата, од илјада евра на пример, 52 отсто. Во Словенија каде што има повисока плата, 42 отсто оди надолу, од 42 на 41,… На таков начин да се стимулира. За ДДВ-то образложението беше вакуумот меѓу промените, па и претходната влада пред да оди избори заостана со враќањето, а и сегашната кога дојде, исто така задоцни. И така, одвреме – навреме на некоја компанија и се плаќа, па се враќа па се сменува бројот, истакна Ќура.

Тој не прецизираше како би се стимулирало евентуалното преминување на дел од администрацијата кај бизнисот, дали преку некој вид отпремнина или повисоки плати.

-Од двете страни треба, и од Владата да се делат средства и од компаниите за да се стимулираат тие работници да се префрлат од администрација во приватен сектор, нагласи претседателот на СКСЗМ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк