Connect with us

Uncategorized

Како до ЕУ грантови за обновлива енергија?

Обновливите извори на енергија (ОИЕ) сé повеќе стануваат основа на енергетската иднина на Европа, а Европската унија (ЕУ) силно ги поддржува проектите кои придонесуваат за развојот на овој сектор. Грантовите на ЕУ за обновливи извори на енергија претставуваат значителна финансиска помош за земјите-членки и партнерите на ЕУ, вклучително и за земјите од Западен Балкан, кои сакаат да се префрлат на почисти и поодржливи извори на енергија.

ЕУ нуди различни видови грантови за проекти за обновлива енергија. Овие грантови се дел од пошироката иницијатива наречена Европски зелен договор, чија цел е да ја направи ЕУ првиот климатски неутрален континент до 2050 година. Главната цел на грантовите на ЕУ е транзиција кон одржливи и чисти извори на енергија. Специфичните цели вклучуваат намалување на емисиите на јаглерод диоксид, зголемување на енергетската ефикасност, поттикнување на иновациите во енергетскиот сектор, развојот на локалната зелена економија и отворањето на нови работни места како и зајакнување на енергетската безбедност и независност.

Грантовите на ЕУ може да вклучуваат директна финансиска поддршка за проекти за градење капацитети во соларни, ветерни електрани, хидроцентрали и други извори на обновлива енергија, како и кофинансирање на проекти кои помагаат да се намалат емисиите на стакленички гасови, но и за техничка помош за развој на инфраструктурата, обука на персоналот и подобрување на технологијата.

Износите на грантовите од ЕУ зависат од видот на проектот и земјата на корисникот. Помалите истражувачки проекти можат да добијат средства во вредност од неколку стотици илјади евра, додека за поголеми инфраструктурни проекти се предвидени субвенции во износ од неколку милиони евра. Фондовите како InvestEU и Connecting Europe Facility (CEF) имаат буџети во милијарди евра, што овозможува финансирање на широк опсег на проекти за обновлива енергија.

Благодарение на грантовите на ЕУ за обновливи извори на енергија многу земји значително го приближија својот енергетски сектор кон целите предвидени со зелената транзиција.  Па така, на пример, со поддршка од фондовите на ЕУ, Германија разви бројни проекти за фарми со ветерници и соларни фарми, како и Данска која е лидер во користењето на енергијата на ветерот и се смета за еден од најчистите енергетски системи во Европа. Исто така и Грција и Шпанија значително ги намалија емисиите на јаглерод и го зголемија енергетскиот капацитет преку соларни проекти користејќи вакви грантови.

ЕУ има развиено неколку програми кои го вклучуваат и Западен Балкан во борбата за одржлива енергетска иднина. Програмите како што се ИПА и Инвестициска рамка за Западен Балкан обезбедуваат финансиска и техничка поддршка на проекти од областа на обновливите извори на енергија. Исто така, Зелениот план за Западен Балкан дава дополнителни можности за развој на зелена инфраструктура и модернизација на енергетскиот систем.

Овие грантови се клучни за намалување на зависноста од фосилни горива и за постигнување еколошки цели, а во исто време ги поддржуваат земјите од регионот да го забрзаат својот пат кон членство во ЕУ. Пристапот до овие средства може да придонесе за развој на локалните економии, намалување на притисоците врз животната средина и постигнување на глобалните цели за одржливост. За земјите од Западен Балкан, овие грантови се вредни ресурси за модернизација на енергетскиот сектор и интеграција во европската економија и политиката за заштита на животната средина.

И Македонија досега користела неколку грантови од ЕУ за проекти поврзани со обновливи извори на енергија и еколошка одржливост. Преку различни фондови на ЕУ, како што се Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и  ВБИФ (Инвестициска рамка за Западен Балкан), Северна Македонија доби поддршка за проекти кои ја подобруваат енергетската ефикасност и развиваат инфраструктура за обновливи извори. Еден пример е проект за подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради, како и иницијативите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во индустријата и транспортот. Исто така, ЕУ поддржа проекти за развој на соларна енергија и воведување на ветерни електрани, со што се зголеми капацитетот на Северна Македонија за производство на чиста енергија.

Овие инвестиции се дел од пошироката стратегија на ЕУ за Западен Балкан, која има за цел да му помогне на регионот да се усогласи со стандардите на ЕУ во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој. Со поголема искористеност на ваквите грантови Македонија може многу побрзо да ги реализира поставените целите за енергетската транзиција, намалување на зависноста од увоз на енергија и зајакнување на инфраструктурата на обновливи извори во земјата.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг