Connect with us

Македонија

Тони Коњановски оддаде почит на хероите од Првата Егејска Македонска бригада

Published

on

Денеска во Битола, пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола, се одржа свечено одбележување на 80-годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада. Свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината, претставници на здруженија на граѓани, политички партии и други гости.

Настанот беше организиран од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола.

Македонија

По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни

Published

on

Во рок од само една година по трет пат се уништува и крши црквата и православните гробишта во долненското село Гостиражни. Деновиве комплетно се искршени и уништени надгробните споменици на 13 од 16 гробови. Жителите велат дека ова никогаш досега не се случуваnо. Инаку Гостиражни е село со мешано население од македонска и албанска етничка заедница.

„Ужас е ова што се прави во селото Гостиражни. Не сум видел никого, не знам кој може да биде. Кој се што се луѓево што го прават ова незнам. Зошто некој би кршел црква и гробови, да вознемирува починати души не знам. Искрено сега мене ми е страв. Кога тие почнале на  умрените, ќе почнат и на живите. Сега со страв идам тука кај камбаната да ја удрам во недела или за празник“, изјави Владо Спасески, клисар во црквата жител на село Гостиражни.

Иако и трите случаи на сквернавење на црквата и гробиштата се пријавени во полиција, направен е увид, но сторителите не се пронајдени.

„Со сите живееме, во селото немало проблеми, кавги немало, како дојде до ова не знаеме. Сум разговарал со луѓе и тие велат кој може да прави вакви работи, ова е грев“, додаде Крсте Крстески, жител на село Гостиражни.

Според Митрополитот Петар пак, во чија Епархија се наоѓа Долени ова биле обиди за заплашување на и онака малкуте Македонци преостанати тука не само во Гостиражни туку и во другите села.

„Притисоци на разни начини со цел и намера за етничко чистење на Македонците од тие села. И ова ќе продолжи. Врз нашата црква таму се врши силен притисок, во селото Пешталево беше договорено да се изгради и црква и џамија во центарот на селото, а сега има 2 џамии, а ниту една црква, иако е мнозинското население е православно македонско. Тогаш кога требаше да го осветиме камен темелникот имаше страшни притисоци и закани со огнено оружје“, изјави Владика Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.

И жителите на Гостиражни и претставниците на МПЦ бараат поголема ажурност од институциите и разрежување на овие случаи.

Continue Reading

Македонија

Кривична за маж од Тетово, со нож повредил едно лице

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.К.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 26.06.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал З.Џ., и со остар предмет му нанел повреда.

Continue Reading

Македонија

Жито маркет вработува во Тетово

Published

on

Жито маркет бара Продажен персонал за Тетово

Жито маркет ја објавува потребата за нови членови во тимот! Компанијата бара продажен персонал за својата продавница во Тетово. Ако сте динамична личност со одлични комуникациски вештини и сакате да работите во енергична средина, пријавете се! Заинтересираните можат да аплицираат преку контакт со компанијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк