Connect with us

Македонија

Првиот заменик-премиер Изет Меџити: Ќе одиме во Приштина за да го зајакнеме духот на меѓудржавната соработка

Published

on

Во понеделник, Владата на Северна Македонија ќе отпатува во Косово за првата заедничка меѓувладина седница од формирањето на новата Влада. Ова седница, покрај протоколарниот дел и усогласената агенда меѓу двете влади околу прашањата за кои ќе се дискутира и договорите што ќе се потпишат, претставува и континуитет на нашата посветеност за зајакнување на регионалната соработка и за третирање на Република Косово како еднаков партнер во сите регионални иницијативи и активности. Вака напиша на социјалните мрежи Првиот заменик-премиер Изет Меџити.

Тој понатаму додаде дека Владата на Северна Македонија доаѓа во Приштина со проактивен пристап и искрен интерес за да ги разгледа сите прашања од интерес за нашите две земји. „Независно од проблемите кои новата Влада ги наследи од претходните влади, независно од оркестрираните тенденции да се обвини новата Влада за секој неуспех оставен во наследство од минатото, духот на меѓудржавната соработка ќе се зајакне и меѓусебната доверба меѓу Северна Македонија и Косово ќе се зголемува континуирано и ќе се гради, бидејќи ова е наша заедничка обврска пред нашите граѓани“, рече Меџити, и додаде: „Нашите политички партнери, пријатели и сите други општествени актери во Република Косово сакам да ги информирам дека Владата на Северна Македонија е решена и непоколеблива да работи Западен Балкан да се трансформира во развиен и интегриран регион со модерни институции и услуги и со гарантирање на слободата на изразување, слободата на движење и слободата на организирање за секој поединец или група, без разлика на нивната припадност.“

Македонија

Вандализам во Германија: Балканци затнале 270 ауспуси со пур-пена

Published

on

Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.

Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.

Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.

Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.

Continue Reading

Македонија

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ – Бараше слобода до последен момент

Published

on

Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина на 54-годишна возраст. Југ издржуваше 12-годишна затворска казна, но беше на прекин поради влошена здравствена состојба. Осум години од животот ги помина зад решетки пишува скопје1.мк.

Во изминатиот период, Југ постојано бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека никој од осудените за 27 април не е терорист и дека пресудите се неправедни. Неговото последно јавно појавување беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде зборуваше за искуството во затвор, својата идеологија и тортурата низ која, како што тврдеше, поминал.

Неговата смрт предизвика реакции во јавноста, а се очекува и официјален став од неговите блиски и правниот тим кој работеше на неговиот случај.

Continue Reading

Македонија

Кривична пријава за поранешен директор на Општата болница Охрид

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш., на 39 години, од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ова било констатирано и при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк