Connect with us

Uncategorized

ЧЕТВОРИЦА ЧЛЕНОВИ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ПРЕД РАЗРЕШУВАЊЕ – еве кои се причините

Четри члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе бидат разрешени по одлука на Владата на Република Македонија оджана на почетокот на месецов. 

Меѓу разрешените се Андреј Тасев, Мерита Дема, Лирим Сулејмани и Фатон Амбари. Иако сите четворица се уште имаат важечки мандати, односно требало да им истечат во 2026 или 2028 година, Владата одлучуи да ги разреши. 

Како што е појаснето во документот доставен пред пратениците, член на комисијата може да биде разрешен од функцијата доколку несовесно и нестручно ја врши функцијата, доколку извршил повреда на обврските за непристрасност и незавиност, или ја злоупотребил функцијата, или пак работел спротивно на законот. 

Притоа е посочено дека Андреј Тасев, за член на комисијата е изгласан на 5 мај 2021 година, и неговиот петгодишен мандат му истекува на 5 мај 2026 година. Што се однесува пак до Лирим Сулејмани, неговиот мандат започнал на 18 мај 2021 година и истекува на 18 мај 2026 година. Фатон Амбари и Мерита Дема добиле мандати на 26 јули 2023 година, и нивните истекуваат на 26 јули 2028 година.

–  Во периодот пред именувањето, Андреј Тасев почнувајќи од 2002 година работи како сопственик и управител на Фабрика за амортизери СТД ДОО увози-извоз Нов Дојран, што согласно националната класификација е „производство на други делови и дополнителен прибор за моторни возила“, а не дејност од областа на енергетиката или водните услуги, ниту има доставено доказ преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, ниту од Агенцијата за вработување, па оттаму именуваниот во последните 15 години нема најмалку десет години работно искуство во енергетката, односно водните услуги – се напоменува во документот доставен во Собранието. 

Посочено дека Дема, согласно податоците на Фондот за пензиско осигурувње е во редовен работен однос од 13 март 2013 година и при именувањето немала 15 години работно искуство, што е предуслов за членовите на РКЕ, поради што предлагачите посочуваат дека е некомпетентна за наведената позиција.

–  Во моментот на именување на Лирим Сулејамни за член на РКЕ како стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката веќе бил именуван членот Енвер Елмази од 17 октомври 2016 година. Во моментот на именување на Фатон Амбари за член, како стручно лице веќе била именувана Анадријана Нелкова – Чучук од 27 август 2019 година. Владата му предлага на Собранието да ги разреши од должност членовите на РКЕ – стои во документот доставен во Собранието. 

Во документот е појаснето оти комисијата е составена од седум члена од кои еден е претседател. Еден член на комисијата е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката, еден член е стручен за економски прашања од областа на енергетиакта или водните услуги, потоа член за технички прашања од областа на водните услуги, а останатите се технички прашања од областа на енергетиката. Предлагачите на разрешувањето појаснуваат дека член на комисијата може да биде државјанин на земајва кој има високо образовение, и тоа од областа на енергетиката, машинството, технолошки науки, градежништво, економија или право. Потоа да има 10 години работно искуство во областа, две години пред именвуање во комисијата да не бил член на управување или надзор на друштво кое врши енергетска дејност, а во моментот на именување да нема казна забрана за дејност. 

Мандатот на секој член и на претседателот е пет години, и тие не можат да бидат на функцијата повеќе од два последователни мандати

Advertisement

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг