Connect with us

Бизнис

Ценaтa на златото повторно над 2.700 долари

Published

on

Цените на златото пораснаа и во петокот, повторно надминивајќи го нивото 2.700 долари, а трговската седмица ја заврши со најголем плус во повеќе од една година благодарение на силната побарувачка на инвеститорите за сигурни средства во услови на интензивирање на тензиите во односите меѓу Русија и Западот.

На физичкиот пазар, унца злато во попладневното тргување изнесуваше 2.703 долари и беше за 1,3 отсто поскапо од вчерашното затворање на трговијата, достигнувајќи го највисокото ниво за нешто повеќе од две седмици.

На американскиот пазар со фјучерсите на златото се тргуваше по 1,1 отсто повисока цена од 2.705 долари.

Од почетокот на седмицата неговата цена се зголеми за повеќе од пет отсто, најсилно од октомври минатата година.

Златото расте и покрај тоа што американскиот долар го достигна највисокото ниво за нешто повеќе од една година. Со послаб долар, благородниот метал обично е поевтин за купувачите со други валути, а во моментов неговиот „сјај“ не му конкурира ниту приближувањето на биткоинот до нивото од 100.000 долари.

„Имајќи предвид дека излатото и доларот растат, нивните цени се чини дека се поттикнати од побарувачката на безбедни засолништа“ за капиталот, смета аналитичарот на UBS, Џовани Стауново.

Пазарите оваа недела се фокусираа на геополитиката, имајќи ги тензиите меѓу западот предводен од САД и Русија, откако американскиот претседател на заминување Џо Бајден му дозволи на Киев да изведува напади подлабоко на руската територија со ракетите што му ги испорачуваат САД. Москва предупреди дека таквата одлука, доколку официјално биде потврдена, ќе претставува директно вклучување на САД во конфликтот, бидејќи употребата на технолошки софистицирано американско оружје бара помош од САД.

Рускиот претседател Владимир Путин со декрет ја официјализираше измената на нуклеарната доктрина, со која се проширува списокот на услови за нуклеарен одговор на напад на руска територија. Украинската армија потоа нападна цели во Русија со американски ATACMS и британски Storm Shadows, а Москва одговори со напад на цели во Украина со нова балистичка ракета со среден дострел.

Во такви услови и среброто поскапе во петокот, за 1,8 отсто, на 31,34 долари за унца. Платината падна за 0,1 отсто, на 960,16 долари, а паладиумот за 0,6 отсто, на 1.023,55 долари.

Бизнис

Од Скопје ќе се лета директно кон Париз и Амстердам, ќе има и поврзување со прекуокеански летови

Published

on

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител истакна дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.

Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.

Покрај овие шест, Николоски вечерва најави уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

„Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот “Орли”, имаме најава од “Катар Ерлајнс” дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански”, истакна министерот Николоски.

Тој исто така најави и целосна реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром што ќе се реализира во следните неколку месеци, објект кој не е реконструиран откако е изграден.

Continue Reading

Бизнис

Ставрески: Значајно е да се одржи стабилност на цените за реално подобрување на животниот стандард

Published

on

„Најважно е да продолжат напорите за враќање на изгубената доверба во системот. За подобар живот е потребен економски раст, а за тоа се потребни економска слобода, политичка стабилност и предвидливост на политиките.
Македонската економија во 2025 година ќе оствари подинамичен раст со стапка на БДП од околу 4 %. Оваа проекција се потпира врз три столба: 1. Инфраструктурни проекти како автопати, железница, енергетика; 2. Локални инфраструктурни проекти со поддршка од 250 милиони евра од Владата; и 3. Инвестиции на приватниот сектор со кредитни средства со каматна стапка од 1,95 %. Овие три компоненти, заедно со странските инвестиции, силно ќе го придвижат инвестицискиот циклус. Потрошувачката ќе биде поддржана преку одмерено зголемување на платите, на пензиите и на кредитите од банките. Завршувањето на војната во Украина позитивно ќе влијае врз македонскиот извоз во ЕУ. Подеднакво значајно е да се одржи стабилност на цените за реално подобрување на животниот стандард. Не смее да се повтори трката на платите и на цените, која се случуваше изминативе години. Инфлацијата ќе се одржува на 2 до 2,5 % со координиран напор на НБРМ и на Владата“.

Извор: ekonomijaibiznis.mk

Continue Reading

Бизнис

„ГРИН МАШИНС“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ БЕРМУДИТЕ „Брако“ ќе ја одржува хигиената на улиците во светскaта туристичка дестинација

Published

on

Машините за чистење „Грин Машинс“ на „Брако“ станаа дел од флотата за одржување урбана хигиена на тропската држава Бермуди.

„Клиентот од Бермудите го избра моделот 414 rs на „Грин Машинс“, со кој истовремено можат да се чистат и улици и тротоари, може да се управува рачно, но нуди можност и за седење на операторот.

Нашиот тим од Обединетото Кралство беше на Бермуди, каде одржа обука за користење на нашите машини, и горди сме што македонски производи ќе придонесат за чисти улици и ќе бидат присутни на оваа британска островска територија, која е светскa туристичка дестинација“, се наведува во соопштението од „Фероинвест“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк