Connect with us

Забава

Сузана Спасовска и Александар Тарабунов ќе пеат обработка на песна од Гоце Николовски

Published

on

Песната на легендарниот пејач Гоце Николовски „Има една земја“ чиј автор е Григор Копров, доби своја обработка под која е потпишан маестро Николче Мицевски. Истата ќе биде отпеана од Сузана Спасовска и Александар Тарабунов на 7. декември во Филхармонијата, како дел од концертот „Македонијо, во срце те носиме“.

Станува збор за нумера која во 1986 година ја отпеал Гоце Николовски, и се нашла на неговиот прв фолк албум.

Имено, Николовски во тоа време живеел во Ниш, пеел шлагери и бил дел од една од легендарните нишки групи, познатите Далтони. Набргу влегол во етно водите и светот на народната музика, а токму со Копров работел на албумот кој го носел неговото име и кој бил издаден за РТВ Словенија.

Покрај оваа песна, во проектот „Македонијо, во срце те носиме“ зад кој стои Скендеровски Продукција, веќе има и друга обработка на песна од Николовски. Станува за збор за песната „Оган да го гори“ која ја изведува Ламбе Алабаковски.

На 16-ти декември годинава се навршуваат 18 години од смртта на Гоце Николовски, пејач кој остави посебен белег на нашата музичка сцена. Ја доживеа најголемата популарност во 1990 година, кога на Фолк Фест Валандово ја отпеа „Бисер Балкански“ и го освои првото место.

Песната во 2000 година беше прогласена за Песна на векот во Македонија, и до денес е еден вид на неофицијална, народна химна.

Николовски е роден во Скопје, но кариерата ја започнал во Ниш, каде тогаш живеел. Остави богата музичка ризница, а веста за неговата смрт во 2006 година, на негова 58-годишна возраст, ја потресе целата јавност. Како што тогаш објавија медиумите, тој извршил самоубиство во домот во Скопје.

Зад себе го остави синот, ќерката Катарина и сопругата Весна, кои според последните неофицијални информации, живеат во Ниш.

Извор: Фокус.мк

Забава

ВИДЕО: Има среќа во работата, но не во љубовта

Published

on

Фолк „кралицата на бакшишот“ на гости во поткастот кај Антонио Димитриевски: Марија Луиса Тодоровска во „Ништо лично“

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Забава

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОБЕДНИК! Филмот Диџеј Ахмет собра награди во Јута (САД), имаме нова победничка генерација

Published

on

Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.

Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .

Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. 

Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.

Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. 

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

https://youtu.be/GHBATVjjLWY?si=WtddBDNTYcPL6jdV

Continue Reading

Забава

Спасен доби неверојатно роденденско изненадување од сопругата

Published

on

И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк