Connect with us

Uncategorized

НАЈАВЕНИ СЕ ДВЕ НОВИ ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРАНИ Се збогатува портфолиото на обновливи извори АД ЕСМ

Започнати се активности за реализација на два значајни проекти – ФЕ Битола 1 со инсталирана моќност од 20 MW и ФЕЦ Осломеј 2 со моќност од 10 МW.

АД ЕСМ во согласност со својата стратешка цел за развој на обновливи извори на енергија, започна со активности за реализација на два значајни проекти – ФЕ Битола 1 со инсталирана моќност од 20 MW и ФЕЦ Осломеј 2 со моќност од 10 МW.

Со цел информирање на јавноста и активно вклучување на сите заинтересирани страни во процесот на реализација, Компанијата организираше јавна презентација на двата проекти во соработка со консултантите, општините Новаци и Кичево, како и со изработувачите на документација за заштита на животната средина.

Во рамките на двата настани, беа презентирани клучни аспекти на проектите, а главната цел беше да се олесни и унапреди процесот на донесување одлуки, да се обезбеди навремено вклучување на сите засегнати страни и да се овозможи платформа за изразување на мислења и потенцијални ризици кои би можеле да влијаат на понатамошната нивна реализација.

Проектот за ФЕЦ Осломеј 2 го презентираше заменик генералниот директор на АД ЕСМ, Реџеп Асани.

– Во функција на енергетската трансформација која е една од стратешките цели на Владата и на АД ЕСМ за производство на зелена енергија, го презентираме значењето на проектот за изградба на Фотоволтаичната централа Осломеј 2, со годишно производство од 16 GWh електрична енергија. Со неговата реализација, ќе се уредат и рекултивираат околу 20 хектари земјиште во кругот на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј, а преку зголемување на учеството на обновливите извори во производството на електрична енергија би се компензирале годишни емисии на јаглерод диоксид што директно ќе влијае кон поздрава животна средина за Кичево, Осломеј и околината – истакна Асани.

Во Општина Новаци, проектот за ФЕ Битола 1 го претстави Александар Стефановски од Секторот за развој и инвестиции на АД ЕСМ. Просечното годишно производство на електрична енергија од овој капацитет ќе изнесува околу 30 GWh електрична енергија, а ќе се изгради во кругот на РЕК Битола.

Овој процес има цел да ја зголеми транспарентноста на компанијата и да го обезбеди учеството на сите важни субјекти и засегнати страни во развојот на инфраструктурни проекти што ќе се реализираат во наредниот период. Со имплементација на двата проекти, чија реализација доби на динамика благодарение на одличната соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, АД ЕСМ и ЕБОР, се зголемува портфолиото на обновливи извори на енергија во сопственост на државата што ќе претставува значаен чекор кон исполнување на стратешките определби и обврски, на патот кон зелената енергетска транзиција. АД ЕСМ пред неколку дена ја објави постапката за избор на изведувач за проектирање, набавка и изградба на двата капацитети, додека набавката и евалуацијата на понудите ќе се спроведува согласно правилата и условите на Европската Банка за обнова и развој.

Advertisement

Uncategorized

Нападната девојка во Тетово – Полицијата со брза реакција

На 24.12.2025 во 22:05 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал 39-годишната Б.С. од Скопје дека додека се движеле со патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг