Connect with us

Бизнис

Која е Марковски компани, која за 5 години добила тендери вредни 151 милиони евра

Published

on

Истражувањето и базата на податоци за 50. фирми кои добиле најмногу пари од јавни набавки на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во изминативе пет години покажува дека фирмата Марковски компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола склучила вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марковски компани за 5 години склучила 77 договори за јавни набавки, Д-р Пановски, 1.491, а Пуцко петрол 1.776

Само со Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Марковски компани склучила 66 тендери, вредни 141 милион евра.

Марковски компани периодов е исто така во фокусот поради раскинување на договор вреден 46 милиони евра со РЕК Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РЕК Битола раскина договор со „Марковски компани“ вреден 46 милиони евра

Која е фирмата Марковски компани

За фирмата Марковски компани неможат да се најдат речиси ни основни информации на интернет, а интересно е дека компанијата нема ниту веб страница, а станува збор за фирма која во континуетиет добива тендери со високи суми на ЕСМ во изминативе години.

Основана е во 2002 година, со влог од 2.500 евра.

Се занимава со ископ на земја, земјени работи, набивање темелни столбови, изградба на темелна плоча, бетонирање, изградба на патишта, или се што спаѓа во нискоградба, стои во една од ретките основни информации за фирмата на интернет.

Кој е сопственик

Сопственик на Марковски компани е Борче Марковски, кој во 2016 година стана почесен конзул на Белорусија во Македонија, од кога е и овој скрин шот на кој е во друштво на амбасадорите на Русија и Белорусија (тој е во средина), кое е едно од многу ретките појавувања на Марковски во јавноста.

Фирмата доживува подем во 2012 година, кога почнува да добива тендери, стои во анализата на неделникот Фокус од пред неколку години, а нејзините приходи и профит секоја наредна година растат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

Бизнис

Директорот на А.Д. МЕПСО, Бурим Латифи: Интерконекторот со Албанија, клучен приоритет за енергетска стабилност!

Published

on

Директорот на А.Д. МЕПСО, Бурим Латифи, заедно со министерката за енергетика, Сања Божиновска, промовираа значаен чекор за стабилноста на електроенергетската мрежа во југозападниот дел на Македонија. Овој проект, кој ги опфаќа градовите Битола, Ресен, Струга, Охрид и Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија за граѓаните од овој регион, додека новиот трансформатор веќе е во целосна функција.

На средбата, Латифи го истакна изградбата на интерконекторот Битола-Елбасан како клучен приоритет за новиот менаџмент на А.Д. МЕПСО. Тој нагласи дека раскинувањето на договорот со претходниот изведувач, Енергоинвест, го отвори патот за реализација на овој стратешки проект.

„Интензивно работиме на процедурите за јавна набавка и целта ни е овој значаен проект за енергетско поврзување помеѓу Северна Македонија и Република Албанија да се заврши во најбрз можен рок,“ изјави Латифи.

Според него, овој проект ќе ја зајакне стабилноста на снабдувањето со електрична енергија и регионалното поврзување, придонесувајќи кон посилна и поодржлива мрежа.

Continue Reading

Бизнис

Одење во кафеана станува луксуз, цените се поскапи

Published

on

Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6,1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,6 проценти, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3,5 отсто.

Continue Reading

Бизнис

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, ја посети трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор. 

Оваа инвестиција,како што објавија од министерството, претставува пресвртница и клучен чекор во обезбедувањето енергетска стабилност за југозападниот регион на земјата и целиот електроенергетски систем.

„Нашата мрежа беше изложена на сериозен ризик, особено поради двата изгорени трансформатори, што создаде реална опасност од колапс на целиот електроенергетски систем.. Новиот трансформатор ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето со електрична енергија во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга, обезбедувајќи стабилно снабдување за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци. Дополнително, ќе овозможи непречено производство на електрична енергија во РЕК Битола, кој е клучен снабдувач на електрична енергија во државата.“, изјави Божиновска.

За транспорт на трансформаторот беа потребни дозволи за транзит низ неколку земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк