Connect with us

Бизнис

Пријавете го газдата доколку ве тера да ги вратите парите од К-15 – oва се казните!

Published

on

До крајот на месецот, компаниите и јавниот сектор мора да ги исплатат регресите за годишен одмор на своите вработени. Вработените во администрацијата ќе добијат најмалку 11.000 денари, додека во приватниот сектор износот ќе биде околу 16.800 денари, што претставува 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци.

Исплатата на регресите треба да се заврши до крајот на годината, а услов за тоа е вработениот да работи најмалку шест месеци кај ист работодавец. Регрес им следува и на работниците кои ја смениле компанијата, доколку претходно работеле најмалку половина година во истата фирма.

Во случај на непочитување на оваа обврска, работодавците може да се казнат со до 4.000 евра, а одговорните лица во компанијата со казна од 500 до 1.000 евра. За работодавците кои ќе побараат враќање на исплатените суми, предвидена е затворска казна од три месеци до една година.

Бизнис

ОВА Е НАЈЕВТИНИОТ СУПЕРМАРКЕТ ЗА 2024: Евтин бил во сите 12 месеци за основни производи

Published

on

Објавен најевтиниот супермаркет за 2024 година: Лидл не е на прво место

Користејќи независна платформа за споредба на цените, истражувањето следеше илјадници цени на намирници во осум од најголемите супермаркети во Велика Британија за да се утврди колку наплаќа секоја продавница за одредени производи годината.

Германскиот синџир со дисконти Aldi го освои називот најевтин супермаркет, пишува Independent.

Резултатите покажаа дека просечната цена на шопинг листа од 56 намирници во декември била 100,29 фунти во Алди.

Резултатите објавени во неделата покажаа дека Алди бил најевтин во сите 12 месеци за помал список од 56 намирници – вклучувајќи ги и основните производи како млеко, путер и леб.Пословни.хр

Continue Reading

Бизнис

ДОАЃА ЕГЗОДУС НА ВРАБОТЕНИ: Предупредување од страна на Деаноски

Published

on

Нема Министерство или институција во која досега одржавме состанок каде раководителите и менаџерите самите не се свесни дека ќе има огромен егзодус на вработени доколку во најбрз можен рок не се покачат платите за 30 проценти, порача вечерва претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Тоа, како што истакна во интервју за „Топ тема“ на телевизија Телма, особено се однесува на стручните и обучени кадри кои ги водат институциите.

-Не можеме да привлечеме нови вработувања во државната управа, правосудството, агенциите и фондовите доколку не се покачат платите. Тоа се покажа како точно во изминативе години, бидејќи на огласите што ги објавува Агенцијата за администрација или, пак, министерствата никој не се јавува и младите не се заинтересирани да работат во јавната администрација, рече Деаноски.

Тој посочи дека почетната плата на лице со високо образование во јавниот сектор во моментов би била 26.000 денари.

-Зошто некој би работел за 26.000 денари, праша Деаноски и додаде дека веќе никој ни од партиските штабови не сака да работи за таква плата.

Моментално, како што кажа, нема никаква правна пречка, ниту, пак, некогаш имало за потпишување на колективни договори со кои би се зголемила платата, без разлика за кој дел од јавниот сектор се работи, но буџетските корисници треба претјходно да добијат дозвола од Министерството за финансии за да го направат тоа. 

-Иако правилникот на минатата влада, според кој се бараше пред потпишувањето на било каков колективен договор во јавната администрација прво да се добие согласност од Министерството за финансии, беше укинат од Уставниот суд, сепак останува Членот 4 од Законот за извршување буџети, кој го предвидува токму истото, и тоа е сега причина Министерството да ги одбие колективните договори. Дури и оние државни институции кои имаат сопствени приходи од наплаќање на услуги не можат да ги користат за зголемување на платите и потпишување на колективни договори без да добијат согласност и мислење од Министерството за финансии, истакна Деаноски.

Укажа дека зависи во кој дел од јавен сектор се потпишува колективен договор и посочи дека немаат никаков проблем кај колективните договори со локалната самоуправа и јавните претпријатија, зашто имаат сопствени приходи и со нив можат да располагаат.

-Кога веќе се именуваат директори и раководители на јавни институции и од нив се бараат изјави под кривична одговорност дека разумно ќе располагаат со нивните буџети, треба да им се дозволи и да располагаат со нив, во смисла на зголемување на платите на вработените за да ги задржат како вработени, посочи Деаноски. 

Continue Reading

Бизнис

Директорот на А.Д. МЕПСО, Бурим Латифи: Интерконекторот со Албанија, клучен приоритет за енергетска стабилност!

Published

on

Директорот на А.Д. МЕПСО, Бурим Латифи, заедно со министерката за енергетика, Сања Божиновска, промовираа значаен чекор за стабилноста на електроенергетската мрежа во југозападниот дел на Македонија. Овој проект, кој ги опфаќа градовите Битола, Ресен, Струга, Охрид и Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија за граѓаните од овој регион, додека новиот трансформатор веќе е во целосна функција.

На средбата, Латифи го истакна изградбата на интерконекторот Битола-Елбасан како клучен приоритет за новиот менаџмент на А.Д. МЕПСО. Тој нагласи дека раскинувањето на договорот со претходниот изведувач, Енергоинвест, го отвори патот за реализација на овој стратешки проект.

„Интензивно работиме на процедурите за јавна набавка и целта ни е овој значаен проект за енергетско поврзување помеѓу Северна Македонија и Република Албанија да се заврши во најбрз можен рок,“ изјави Латифи.

Според него, овој проект ќе ја зајакне стабилноста на снабдувањето со електрична енергија и регионалното поврзување, придонесувајќи кон посилна и поодржлива мрежа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк