Connect with us

Uncategorized

РАСТЕ ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ: Во ноември должеле повеќе од 4 милијарди евра кај банките

Долгот на граѓани кај банките порасна на  246,8 милиони денари или 4,014 милијарди евра. Ова сума доминира во вкупниот износ од 7,827 милијарди евра кој банките го одобриле како кредити на граѓаните и компаниите, според податоците на Народната банка за ноември.

И во ноември најбарани биле  потрошувачките и станбените кредити кои на месечно ниво бележат месечно зголемување од 0,7% и 1,2%, соодветно, при годишен раст од 7,3% односно од 11,6%. 

Овој месец, автомобилските кредити се намалија за 0,7% на месечна основа, додека на годишна основа растат за 10,8%. 

Кредитите одобрени на кредитни картички, во ноември, забележаа месечен и годишен пад од 1,0% и од 9,2%, соодветно. 

Во ноември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи бележат месечно намалување од 4,7% и 0,3%, соодветно, при остварено годишно намалување од 4,8% и 14,3%.

Според податоците на народната банка во ноември годинава, на годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од  9,7%, додека растот кај вкупните депозити е од 11%.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,7% на месечно ниво, како резултат на речиси подеднаков раст на кредитите во странска валута и во денари. На годишно ниво е забележан раст од 8,2%, којшто во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Во ноември, кај вкупните депозити на домаќинствата е забележан месечен и годишен раст од 1,9% и 13,3%, соодветно. Притоа, растот кај двете основи во целост е резултат на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека краткорочните депозити бележат намалување.

Компании во ноември го зголемиле долгот за кредити кај банките  на3,774 милијарди евра што е раст од  0,8%на месечно ниво. Тоа се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, растот од 11,5% во целост произлегува од зголемените кредити во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа надолна месечна промена од 0,6%. 

Промената произлегува од намалувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен раст на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити, во денари и странска валута. 

Годишниот раст изнесува 7,0% и е резултат на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во странска валута и долгорочните и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута забележаа пад.

Паричната маса во ноември, бележи месечен раст од 0,6%, пред сè поради растот на долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,1% и е резултат на растот на депозитните пари, долгорочните депозити до 2 години и готовите пари во оптек, во услови на забележан пад кај краткорочните депозити.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг