Connect with us

Бизнис

Се зголемува бројот на работниците во индустријата

Published

on

Бројот на работниците во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помал за четири отсто. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, бележи раст од 0.1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи пораст од 4.9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.1 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 4.7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1.7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %.

Бизнис

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

Published

on

Исклучително штетна хемикалија е откриена во свеж зеленчук од Македонија.

Според европскиот систем за безбедност на храната, во зелката се откриени остатоци од пестицидот имидаклоприд. Пестицидот е забранет во Европската Унија(ЕУ), а 0,029 mg/kg од овој агенс е пронајден во примерок од зеленчук кој требало да заврши во хрватските продавници. Ова се случило на хрватската граница, па инспекторите веднаш наредиле да се уништи целата пратка свежа македонска зелка. Одлуката на Комисијата на ЕУ ја забрани употребата на имидаклоприд на сите култури што се одгледуваат на отворено.

„Постојат сè повеќе докази дека употребата на имидаклоприд има разурнувачки ефект врз биодиверзитетот, особено на реките и водните патишта, влијаејќи не само на раковите, мекотелите и инсектите, туку и на почвените организми, како и што доведува до намалување на популацијата на птици“, се наведува во соопштението. 

Научните студии, засновани на тестови на животни, заклучија дека имидаклоприд делува како репродуктивен токсикас и ендокрино нарушување што може негативно да влијае на срцето, бубрезите, тироидната жлезда и мозокот и може да предизвика невролошки симптоми, вклучително и респираторна инсуфициенција и смрт. И многу продукти од соседна Србија се случувало поради присуство на пестициди да не ги примат во ЕУ. 

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Бизнис

Стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог минимална плата од 500 евра

Published

on

По барањето на Сојузот на синдикати на Македонија да се зголеми минималната плата, Стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог таа да изнесува 500 евра, но придонесите да останат на нивото на сегашната минимална плата.

Овој став на Комората денеска го потврди и нејзиниот претседател, Менди Ќира, кој смета дека тоа е единствен начин да се реши минималецот на подолг период.

„Да, ние стоиме на тој став минималната плата да биде 31.500 (денари) и придонесите да останат исти и мислиме дека тоа е единствена солуција и начин да се реши минималната плата за подолги години“, изјави Ќира, одговарајќи на новинарско прашање пред состанокот што Стопанската комора на северозападна Македонија го организира со претставници на Владата.

Continue Reading

Бизнис

Николоски најави нова авиолинија: „Мислам дека нашата дијаспора ќе биде многу среќна кога ќе ја слушне“

Published

on

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска најави деветта авиолинија во земјава. Како што рече на меѓународната конференција за бизнис дипломатија, се уште не може да каже јавно за што станува збор, но „дијаспората ќе биде многу среќна кога ќе слушне“.

Очекувањата на Николоски се дека пред нас е стабилна и исклучително успешна година со рекорден број странски инвестиции, како и дека земјава ќе биде „број еден во регионот“.

-Утрово имам потврда за деветта авиолинија, но се уште не можам да ја кажам јавно. Мислам дека нашата дијаспора ќе биде многу среќна кога ќе ја слушне. Како Влада во овие 6,5 месеци имаме девет нови авионски линии, а можам да најавам и почеток на реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, истакна Николоски.

Во обраќањето на конференцијата, тој се осврна и на останатите инфраструктурни проекти. Очекува, како што рече, до почетокот на летната сезона да бидат пушетни 40 километри од автопатот Охрид – Кичево, како и „многу убави вести во следниот период“ за брзата пруга на Коридорот 10 која треба да биде главниот крвоток на Македонија.

-Пред нас имаме стабилна година и мислам дека ќе биде исклучително успешна. Доколку во нашиот најголем трговски партнер, Германија, барем се стабилзиира состојбата ако не оди нагоре, во тој случај мислам дека ќе бидеме број еден во регионот. Тука, секако, најзначаен е бизнис секторот од кој очекуваме сериозна поддршка. Очекуваме и рекорден број странски инвестиции, независно дали од постојните или од нови. Досега отворивме 42 километра експресни патишта. Во следните три месеци очекувам отворање на уште десет километри, а до крајот на годината и да заврши целосното решение од главниот град до Прилеп или автопат или експресен пат. Моментно интензивно работиме на преку 150 километри автопатишта во државата, се гради Прилеп – Битола, Охрид – Кичево, популарната Стража, има тендер за Скопје – Блаце за конечно да се заврши и тој автопат, кон Косово, рече министерот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк