Connect with us

Македонија

Коњановски: Бадниковата поворка е предвесник на љубовта, радоста и заедништвото

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, се обрати пред граѓаните на свечената Бадникова поворка, истакнувајќи ја важноста на заедништвото, љубовта и споделувањето, вредности кои го одржуваат духот на празниците жив.

„Нека ни е за многу години денешниот предвесник на Христовото раѓање – Бадник. Со љубов и радост во срцата, да го дочекаме утрешниот ден, денот на Христовото раѓање, Божиќ. Да си подадеме рака на доверба, почит и љубов,“ порача Коњановски.

Традиционалната поворка, која броеше неколку илјади учесници, започна од плоштадот „Магнолија“, продолжи до црквата „Св. Великомаченик Димитриј“, а заврши на платото пред Офицерскиот дом.

Во рамки на програмата настапија детските црковни хорови, солисти, како и претставниците на детската Евровизија, Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, кои го воодушевија присутниот народ. Програмата кулминираше со заедничката изведба на песната „Вечниот Бог“.

Коњановски ги повика граѓаните да продолжат да ја одржуваат традицијата и да ги негуваат духовните вредности. Тој истакна дека Бадник е време на мир и подготовка, но и можност за зацврстување на семејните и духовните врски.

„Во очи на Божиќ, со радост ги завршуваме празничните денови од „Зимската приказна“, која оваа година донесе многу среќа, радост и детски насмевки низ Битола,“ додаде тој.

Општина Битола за крај подели над 1000 празнични пакетчиња на најмалите учесници, додавајќи уште еден момент на радост и топлина во овој свечен ден.

Честит Бадник! Нека Божиќ донесе мир, здравје и радост во секој дом!

Македонија

Сиљановска-Давкова низ солзи: Прво надеж, потоа болка

Published

on

Претседателката Гордана Силјановска Давкова е пред Градската болница „Свети Наум Охридски“.

Таа за медиумите изјави : „Прво надеж, а потоа болка. Млади луѓе се тоа ќе издржат, треба да ги охрабриме“.

Прашана за причините за пожарот, употребата на приотехнички средства таа рече:

Тоа е нешто што мора однапред да се превидиди. Не е прв пат ова да ни се случи.

Новинарката ја праша дали знае дека не постои веќе центар за изгореници.

Не знам да ви кажам. Ова што го видов овде ми изгледа стручно. Не знам за центарот, добро што ми рековте, ќе прашам сега, рече претседателката.

Било што да ви треба, јавете се, им рече таа на родителите кои седеа на клупата пред болницата.

Претседателката соопшти дека директорот на болницата ќе напише се што е потребно од медицински материјали, бидејќи најверојатно имале потреба од повеќе гази.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова во посета на повредените во болница

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се огласи по повод страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија најмалку 51 лице според официјалните информации од МВР.

Давкова беше во посета на повредените во градската болница „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје, и потоа даде изјава за медиумите. 

„Што можам да споделам? Надеж, потоа болката, млади луѓе се тоа, треба да ги охрабри дека ќе се спасат. Голема трагедија, не можам да поверувам како се случило, според првите информации пиротехника. Ова е нешто кое морало однапред да се предвиди“, рече Сиљановска-Давкова.

Continue Reading

Македонија

На Скопските клиники, Градската хируршка болница и во „8 Септември“ хоспитализирани над 80 повредени од Кочани

Published

on

На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани.

Директорот на Градска болница „Свети Наум Охридски“ Небојша Насто потврди за МИА дека кај нив се примени досега 29 лица, меѓу нив и малолетници, со тешки изгореници на лицето, вратот и рацете.

Од ТОАРИЛУЦ за МИА изјавија дека кај нив досега примени се 31 лице, има и малолетници. Генерално сите со изгореници.

Во ГОБ 8 Септември, примени се 17 лица. На Детска хирургија четири лица.

Повеќето од повредените  лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноќеска се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.

Во првичната информација од МВР за МИА, се посочува дека најмалку 50 лица се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се очекува да даде изјава за медиумите за трагедијата.

На местото на несреќата е и премиерот Христијан Мицкоски.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк