Connect with us

Uncategorized

Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа

Македонија ќе биде 5-та земја во Европа според економскиот раст годинава – ова се очекувањата на премиерот Мицкоски за 2025-та. Тој оптимизмот го темели на најавените странски инвестиции, растот на извозот и потрошувачката, домашните вложувања. Последните податоци упатувале на тоа дека странските инвестиции го достигнале посакуваното ниво од една милијарда евра, а тој очекува овој износ да се надмине годинава.

„Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата“ – вели Мицкоски.

Во моментов Владата преговара со 15 странски инвеститори кои се заинтересирани да го прошират својот бизнис во Македонија. Освен изградбата на ветерниот парк во општините Радовиш, Штип и Карбинци, има и компанија која сака да гради гасна централа. Мицкоски вели дека овие инвестиции треба да придонесат за намалување на загадувањето, но поради изградбата на топловодната мрежа, за тоа ќе се почека неколку години.

„Во периодот од ноември до март да го смениме системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива., меѓу кои и централното греење. За тоа да се случи потребнмо е да се изградат гасни централи. Ние работиме. Еден од инвеститорите, од овие 15, е таков што е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за да сето тоа профункционира. За да се изградат топловоди може и повеќе, 5 до 6 години“ – вели Мицкоски.

Владата само во втората половина од минатата година донесе 8 странски инвеститори во земјава, кои треба да вработат 2.800 луѓе. Освен изградбата на ветерници на „Алказар енерџи“, инвестицијата на „Епсотех“ е за изградба на истражувачки центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Американскиот Вабтек кој веќе е присутен во земјава ќе произведува сопирачки за шински возила. Германската компанија „BMZ Group“ ќе произведува батерии во капацитет кој чини 65 милиони евра. Се потпишаа и два договори за инвестициите на „Брејнчајд“. Германската „Костал“ отвора нов погон од 50 милиони евра и нови 250 вработувања. „АД БАУ Интернационал“ ќе вложи 7 милиони евра. Во зоната во Кичево пак фирмата „Avesta“ ќе вложи 40 милиони евра и ќе вработи 600 луѓе.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг