Connect with us

Македонија

Тројна радост во Битола на Бадник: Мајка роди две братчиња и сестричка

Published

on

Во пресрет на Христовото раѓање, на големиот христијански празник Бадник, во болницата „Плодност“ во Битола, мајка роди тројка – две братчиња и една сестричка.

Со многу љубов и храброст, мајката на свет донесе три мали ангели токму на ден кој симболизира семејство, љубов и заедништво. Лекарите информираа дека таа е во одлична здравствена состојба и неизмерно среќна за овој благослов.

Овој чудесен настан е резултат на методите на асистирана хумана репродукција (АРТ). „Со успешна инсеминација помогнавме во остварувањето на овој прекрасен момент,“ изјави прим. д-р Таше Трпчевски.

„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот. Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарат,“ додаде тој.

Оваа прекрасна приказна е доказ дека животот носи надеж и радост дури и во најспецијалните моменти.

Македонија

Драма кај Мавровско Езеро: Голема спасувачка акција во тек!

Published

on

Преку единствен број за итни повици 112 во 12.37 часот на ден 15.03.2025 година од страна од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро. Лицата во моментот се држат за чамецот и самата струја ги носи кон хидроцентралата, соопшти Стојанче Ангелов.

-Од наша страна веднаш е стапено во контакт со Диспчерски центар на ЕЛЕМ и со директорот на ХЕЦ Маврово и известен сум дека немаат исправен чамец. Известено е одговорното лице од Ренџерска служба од Национален парк Маврово и од истите известен сум дека имаат чамец и поради силниот ветер во Мавровското езеро има бранови и луѓето не се специјализирани за спасување во води и претставува потенцијална опасност да ги загрози и своите вработени. Во истиот момент преку РЦУК Тетово известени се ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Национален Парк Маврово ренцерска служба. Испратено е барање до ДЗС за ангажирање на чамец и специјализиран тим за спасување во води.Исто така од наша страна изпратено е барање на МВР за нивна проценка и ангажирање на специјален тим со чамец или хеликоптер се со цел да се спасат двет лица во Мавровското езеро. Известен е директотор на ХЕЦ Маврово привремено да го запре производството на електрична енергија како би се избегнале струите во изерото. Од страна на Раководителот на СОК сум известен дека ќе биде ангажиран хеликоптер со лица од спцијална единица (Тигри), а чамецот ќе биде обезбеден од страна на одговорнот о лице од Ренџерите во Националниот парк Маврово. Во тек е координативната акција за спасување на двете лица во превртениот чамец, рече Ангелов.

Continue Reading

Македонија

Метео предупредување: Следува температурен шок, еве какво време не очекува во наредниот период

Published

on

Утре (недела 16 март) и во понеделник (17 март) под влијание на висински циклонски систем западно од нас, во Македонија ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер од западен правец. Локално, Атмосферските процеси можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме.

И во Скопје и околината ќе има локален дожд, а во делови од регионот тој може да биде пороен, проследен со грмежи како и со засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие полека ќе опаѓаат , но и понатаму ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината.

Во понеделник (17 март) од попладневните и вечерните часови, и ноќта кон вторник (18 март) поради продор на многу поладен воздух од север, врнежите најпрвин на планините и на Скијачките центри, а потоа и во градовите, особено во северните и во западните предели ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од западен и од северозападен, а потоа од северен правец. Температурите нагло ќе опаднат, и до вторник тие ќе бидат пониски од сегашните дури за околу, па и за повеќе од 20 степени.

Локални врнежи од снег и многу поладно време ќе имаме во вторник (18 март), проследено со засилен до силен ветер од северен правец.

Да напоменам дека поради наглите промени на времето, Биометеоролошките услови и понатаму ќе бидат крајно неповолни, па особено ова ќе го чувствуваат метеопатите, каде се можни поголеми здравствени проблеми, па најдобро истите да се консултираат со својот матичен лекар за совет како да се заштитат од овие нагли промени кои се се почести кај нас.

Извор: МетеоАларм
Славчо Поповски

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Одбележавме унгарскиот национален ден со почит и пријателство

Published

on

Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на унгарскиот револуционер Шандор Петефи во Драчево, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со амбасадорот на Унгарија во Македонија, Н.Е. Андраш Клеин, и военото аташе Надаш Ласло, го одбележаа Националниот ден на Унгарскиот народ.

„Пријателството меѓу Македонија и Унгарија не само што опстојува, туку и се продлабочува“, истакна Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека преку заеднички културни проекти, размени и активности двете земји продолжуваат да ја јакнат меѓусебната соработка.

Во рамки на свеченоста беше потенцирано значењето на Шандор Петефи, кој не е само симбол на унгарската историја, туку и на сите народи што се стремеле кон слобода, правда и национална гордост.

Градоначалникот Ѓорѓиевски се заблагодари на Амбасадата на Унгарија во Македонија, здружението „Теледом“ и сите кои придонесуваат за унапредување на македонско-унгарските односи.

„Општина Кисела Вода ќе продолжи со поддршката на културните и образовните проекти што ги поврзуваат нашите народи. Овој ден нека ни биде потсетник за важноста на меѓусебната почит и соработка“, порача Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк