Connect with us

Uncategorized

Капа долу! Која државна фирма 13 години без прекин секоја година дели дивиденда?

Во периодот од 2011 година до 2023 година државното АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор исплатило вкупно 10,3 милиони евра дивиденди на Владата. Најголемата дивиденда по акција е исплатена во 2015 година и изнесува 330 евра по акција! Поранешен ПУИК односно сегашното АД ИССДП е единствена државна компанија која во контиунитет и без прекин 13 години по ред исплаќа дивиденда на својот акционер односно на македонската Влада

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АД ИССДП) (поранеше ПУИК н.з.) е единствената компанија во целосна државна сопственост која дели дивиденда без прекин цели 13 години! Ова го потврдуваат и официјалните податоци од ова државно акционерско друштво (поранешно јавно претпријатие н.з.) кои се објавени на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност и се достапни во извештајот што е поставен на овој линк 

Извештајот на АД ИССПД содржи податоци за работењето на ова друштво во периодот од 2011 година до 2023 година.

Кога се гледаат податоците за исплатената дивиденда се стекнува заклучок дека ова е оваа компанија и Македонски Телеком се единствени компании во кои Владата има акции и кои исплаќаат редовно дивиденда. Но фактот што АД ИССПД е целосно државна компанија го прави единствено акционерско друштво во Македонија кое секоја година (13 години по ред н.з.) исплаќа дивиденда на Владата.

А гледано по години дивидендите биле завидни особено во периодот од 2011 до 2017 година. Најголема дивиденда по акција наплатила Владата од добивката во 2015 година и таа изнесувала 20.275 денари за акција. Втора најголема дивидедна донела таа акција во 2017 година и таа тогаш изнесувала 12.195 денари за акција. Третата најголема дивиденда е исплатена во 2014 година и изнесува 9.571 денар за акција. Последна дивиденда што АД ИССПД ја исплатил е за 2023 година и изнесува 300 денари за акција. Таа е трета најниска дивиденда по онаа што била исплатена за 2022 година и изнесува 264 денари за акција и во 2018 година кога приносот бил 291 денар по акција.

АД ИССПД има вкупно 10.070 акции и сите се во сопственост на македонската Влада. За периодот од 2011 година до 2023 година ова државно претпријатие на Владата исплатило вкупна дивинденда во вредност од 10,3 милиони евра.

Ова државно акционерско друштво располага со државен имот кој е со различна функција. Покрај станови и деловен простор ова претпријатие го има во посед и управува со Националната арена Тоше Проески“ (поранешен Градски стадион во Скопје н.з.) и со три катни гаражи (надземни и подземни н.з.) во центарот на Скопје и тоа: „Разловечко востание“, „Солунски конгрес“ и „Смилевски конгрес“.

Според официјалните податоци за 2023 година АД ИССПД има вкупни приходи од речиси 9 милиони евра. Од тоа приходи од продажба се нешто над 5,3 милиони евра, а другото е од останати приходи (претежно од закуп и издавање н.з.).

Друштвото во 2023 година завршило со добивка од 45.000 евра.

Избор: Faktor.mk

Advertisement

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг