Connect with us

Бизнис

Кој знае да прави бурек, нека се јави: Скопска пекара нуди месечна плата од 75.000 денари! Нема потреба од искуство

Published

on

Дефицит од кадар во пекарската индустрија. Младите не се заинтересирани за работа во овој сектор и останаа само повозрасните, велат од пекарската фела.

Огласи за вработување постојано се објавуваат, но никој не се пријавува, за што сметаат дека треба да интервенира државата, зошто ќе се доведеме до ситуација да нема кој да прави леб.

-Нема луѓе кои сакаат да станат пекари, ќе биде тешко во иднина, бидејќи знаеме дека младите одат во странство. Во догледно време не знам како ќе биде, треба овде државата да преземе нешто, да отвори школи за пекари, да доаѓаат на пракса, да го учат занаетот, да видат дека е потребен за општеството, изјави Николче Малинов, сопственик на пекара.

Просечната старост на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Кога ќе одат во пензија, не ќе има кој да ги замени. Компаниите од оваа област и сега се соочуваат со проблеми поради недостиг на квалификуван кадар. Младите воопшто немаат интерес за пекарската струка, ниту се заинтересирани да бидат сопственици на пекарници, покажува најновата анализа на Стопанската комора.

Ситуацијата е алармантна, а дополнително ја комплицира тоа што дел од процесите во пекарската индустрија не може да се автоматизираат за да се компензира кадарот.

-Во големата пекарска индустрија најмногу недостигаат месачи, обликувачи на тесто и пекари, а во малата и микро пекарска индустрија стопанствениците кубурат со пекари и бурекџии. Проблемот е сериозен и треба системски и институционално да се решава. Една од опциите е да се предвиди субвенционирање на работодавачите или работниците кои ќе ги одберат овие занимања во пекарската индустрија зашто идниот период може да дојде до блокада во работењето и до зголемување на цените на секојдневните пекарски производи и печива од рачна изработка, истакна Наташа Јаневска од Комората.

Скопската пекара Кисми веќе неколку месеци бара мајстори пекари и без искуство и нуди плата месечна плата од 75.000 денари

Бурекџилница КИСМИ има потреба од мајстори-пекари во новоотворената пекара во населна Тафталиџе

Пекар/ка

во Тафталиџе

Потребни квалификации:

ССС
Со или без работно искуство

Што нудиме:

Плата 75.000 денари

Рок за пријавување: 17.01.2025

Сите заинтересирани за подетални информации може да добијат на следниот телефонски број:

070 810 779 – Лице за контакт Горан

Бизнис

Директорот на А.Д. МЕПСО, Бурим Латифи: Интерконекторот со Албанија, клучен приоритет за енергетска стабилност!

Published

on

Директорот на А.Д. МЕПСО, Бурим Латифи, заедно со министерката за енергетика, Сања Божиновска, промовираа значаен чекор за стабилноста на електроенергетската мрежа во југозападниот дел на Македонија. Овој проект, кој ги опфаќа градовите Битола, Ресен, Струга, Охрид и Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија за граѓаните од овој регион, додека новиот трансформатор веќе е во целосна функција.

На средбата, Латифи го истакна изградбата на интерконекторот Битола-Елбасан како клучен приоритет за новиот менаџмент на А.Д. МЕПСО. Тој нагласи дека раскинувањето на договорот со претходниот изведувач, Енергоинвест, го отвори патот за реализација на овој стратешки проект.

„Интензивно работиме на процедурите за јавна набавка и целта ни е овој значаен проект за енергетско поврзување помеѓу Северна Македонија и Република Албанија да се заврши во најбрз можен рок,“ изјави Латифи.

Според него, овој проект ќе ја зајакне стабилноста на снабдувањето со електрична енергија и регионалното поврзување, придонесувајќи кон посилна и поодржлива мрежа.

Continue Reading

Бизнис

Одење во кафеана станува луксуз, цените се поскапи

Published

on

Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6,1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,6 проценти, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3,5 отсто.

Continue Reading

Бизнис

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, ја посети трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор. 

Оваа инвестиција,како што објавија од министерството, претставува пресвртница и клучен чекор во обезбедувањето енергетска стабилност за југозападниот регион на земјата и целиот електроенергетски систем.

„Нашата мрежа беше изложена на сериозен ризик, особено поради двата изгорени трансформатори, што создаде реална опасност од колапс на целиот електроенергетски систем.. Новиот трансформатор ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето со електрична енергија во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга, обезбедувајќи стабилно снабдување за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци. Дополнително, ќе овозможи непречено производство на електрична енергија во РЕК Битола, кој е клучен снабдувач на електрична енергија во државата.“, изјави Божиновска.

За транспорт на трансформаторот беа потребни дозволи за транзит низ неколку земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк