Connect with us

Uncategorized

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Проценката е дека инвестицијата на Групацијата 4iG во опрема за мобилната мрежа за ОНЕ Албанија ќе изнесува 50 милиони евра, откако на аукција ги обезбеди основните фреквенции од државниот спектар 

Групацијата 4iG, водечка ИКТ компанија од Унгарија и од Западен Балкан, влезе во партнерство со компанијата Ериксон за развој на мобилна мрежа со високи перформанси во Албанија. Инвестицијата во идната инфраструктурна се базира на обезбедувањето на 5G фреквенции од ОНЕ Албанија, подружница на 4iG.

ОНЕ Албанија e првиот оператор во земјата што лансираше комерцијални 5G услуги на 25 ноември 2024 година во земјата. Новите фреквенции беа купени за 5,4 милиони евра на компетитивна аукција на фреквенции, а сосема новиот 5G пакет ќе биде ставен во целосна употреба со инвестирање во мрежна опрема од Ериксон во следните години. Овој развој на настаните е во согласност со унгарската напредна инвестициска стратегија на Групацијата 4iG во Албанија и регионот на Западен Балкан.

„Со Ериксон започнуваме уште едно долгорочно патување, којшто е долгогодишен технолошки партнер во Албанија. Групацијата 4iG е регионална компанија за информатичка комуникација со силно присуство во регионот на Западен Балкан. Албанија е еден од нашите водечки пазари и затоа треба да ги земеме предвид правните и политичките аспекти, кога станува збор за големи стратешки одлуки“, рече Петер Фекете, извршен директор на Групацијата 4iG.

„Овој договор ја истакнува посветеноста на Ериксон за унапредување на 5G иновациите во земјата. Преку имплементација на 5G технологија, ние овозможуваме побрзо, посигурно и одржливо поврзување, поставувајќи ја основата за услугите од следната генерација. Како што расте побарувачката за мрежа со високи перформанси, нашето партнерство со ОНЕ Албанија, подружница на Групацијата 4iG, ќе ги поддржи потребите што се развиваат и кај потрошувачите и кај бизнисите“, изјави Антонио Пасарела, одговорен за Западен Балкан во Ериксон.

Инвестиција во мрежата изнесува над 50 милиони евра започнува со обезбедување  сеопфатна покриеност со 5G мрежа со висок капацитет низ клучните стратешки области, како што се големите пристаништа и аеродроми, индустриските зони, критичните болнички области во Тирана, како и најпосетуваните крајбрежни локации. Потоа инвестицијата продолжува со обезбедување средно-појасна 5G покриеност со висок капацитет на сите градови во Албанија до 2028 година, достигнувајќи 85% покриеност на населението до крајот на 2030 година.

Опсегот на договорот помеѓу Групацијата 4iG и Ериксон вклучува мобилен радио пристап и инвестиции во основната мрежа, обезбедувајќи ја најнапредната 5G Stand Alone (5G SA) технологија. Благодарение на досегашната соработка со Ериксон и Групацијата 4iG, ОНЕ Албанија е рангирана како најдобра мобилна мрежа врз основа на независни одредници со години. Вредноста и високиот стандард на инвестициите ја покажуваат долгорочната посветеност на Групацијата 4iG кон земјата и телекомуникацискиот пазар. Албанската подружница, исто така, ги имплементира иновациите и инвестициите на фиксниот широкопојасен фронт, а во ноември 2024 година лансираше и широкопојасен интернет од 10 Gbit.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг