Connect with us

Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Зајакнување на соработката со ОПЕК Фондот за економски раст и развој

Published

on

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, оствари работна средба со заменик-претседателката на Фондот за меѓународен развој на ОПЕК, Шаима Ал-Шеиби, во седиштето на ОПЕК Фондот во Виена.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката и финансирање проекти кои ќе придонесат за економски раст и подобрување на животниот стандард во земјата. Посебен акцент беше ставен на инвестициите во инфраструктурата, енергетиката и здравството, како клучни области за долгорочен развој.

„Продолжуваме со напорите за обезбедување средства за поддршка на развојни проекти кои ќе ја зајакнат нашата економија и ќе овозможат подобри услови за живот на граѓаните,“ истакна Димитриеска-Кочоска.

Средбата ја потврди подготвеноста за понатамошна соработка со ОПЕК Фондот, насочена кон реализирање проекти со големо значење за земјата.

Бизнис

СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ ЗА ХРВАТСКА – месечна плата до 2000 евра

Published

on

Ресторан Два рибара од Хвар бара работници на следниве позиции:

Готвач

Плата: од 2000 евра
Локација на работа: Хвар

Опис на работата

грижа за намирниците

контрола на квалитетот на подготвената храна

одржување на хигиенските стандарди

Период на работа


За одредено време, Сезонски

Работодавецот ви нуди

редовни месечни примања, од 2.000 евра нагоре во зависност од искуството и знаењето на кандидатот

обезбедено сместување и храна

по можност слободни денови

сменска работа од 10 часа

планирана работа до 15.04. – 01.11.

Потребно образование, знаење и вештини

минимум 3 години искуство на слични позиции

способност за тимска работа со акцент на сопствената одговорност
организација и сериозност во работата
развиени комуникациски вештини

Професионална подготовка

Средно образование

Рок за пријавување: 

Повеќе инфо имате тука

Continue Reading

Бизнис

Не го пропуштајте овој оглас за работа: Се бараат работници – месечна заработка до 80.000 денари – ова се условите

Published

on

По повеќе од 20 хрватски градови, Камео започна да ги шири своите услуги надвор од Хрватска, отворајќи операции во Словенија и Македонија, со што го прошири своето влијание надвор од границите на својата матична земја.

Некогаш требаше да се јавиш во call-center, да нарачаш такси и да бидеш во исчекување да да се јави таксистот. Создадовме мобилна апликација која овозможува нарачка, проценка на цената на возењето и следење на возилото.

Чувствувајќи ја потребата од европски стандарди на квалитет во сегментот на такси услугите, а притоа дејствувајќи како лидер во 5 држави и повеќе од 40 градови, Wizi вработува повеќе од 1.400 вработени и со сопствена флота доаѓа како првото „зелено“ такси на улиците на Скопје.

Ако сакаш да работиш во динамична средина со европски шарм, НИЕ ИМАМЕ РАБОТА ЗА ТЕБЕ!

ТАКСИ ВОЗАЧ

Придружете се на тимот на Визи како таксист!

Локација: Скопје

Вид на вработување: Полно работно време / скратено работно време

Опис на работата: Бараме мотивирани и доверливи возачи да се приклучат на нашиот растечки тим. Доколку уживате да работите со луѓе и да го поминувате времето зад воланот, а во исто време сакате да заработите одлична плата, аплицирајте на оглас за работа.

Одговорности:

Безбеден и професионален превоз на патници до посакуваните дестинации
Одржување на возилото чисто и уредно
Обезбедување одлична услуга за клиентите и одржување позитивно искуство на клиентите

Барања:

Возачка дозвола Б категорија со минимум 3 години возачко искуство
Познавање на локалните сообраќајни правила и ориентација во градот
Добро познавање на англискиот јазик
Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
Флексибилност во работното време, вклучувајќи ги викендите и празниците

Ние нудиме:

Конкурентна плата и заработка по учинок до 80.000 денари
Вовед во работата и постојана поддршка во работата
Можноста за подобрување и унапредување во рамките на компанијата

Рок за пријавување: 15.01.2025

За повеќе информации контактирајте не на тел: 071 389 467

Повеќе инфо имате тука

Извор: glamur.mk

Continue Reading

Бизнис

Министерство за економија смета дека Новогодишната кошничка била успешна

Published

on

Новогодишна кошничка беше успешна и придонесе за намалување на цените на производите што беа вклучени во неа, велат од Министерството за економија и труд.

Успешноста на акцијата велат дека се гледа во тоа што во неа биле вклучени 1 178 производи од 96 производители и дистрибутери, а се применувала во 762 продажни места на 51 маркет.

Од Министерството се повикуваат и на податоците од Индексот на трошоците на животот и на цените на мало од Државниот завод за статистика (ДЗС) каде што се забележува дека инфлацијата во 2024 година споредено со 2023 година изнесува 3,5 отсто.

Што се однесува, пак, на месечно ниво од Економија и труд велат дека во декември 2024, споредено со претходниот месец инфлацијата изнесувала 0,3 отсто.

„Податоците на статистика покажуваат дека во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалаци изнесува 0,3 отсто. Ова покажува дека новогодишната кошничка, каде што беа вклучени во најголем дел прехранбени и безалкохолни пијалаци, го дала својот ефект и цените на храната и пијалаците во декември 2024 година бележат намалување во однос на ноември 2024 година“се наведува во денешното соопштение од министерството.

Очекувањата на министерството се дека и во статистичките податоци за јануари 2025 година во однос на декември 2024 година, ќе се потврдат ефектите од новогодишната кошничка, односно да се оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храната и безалкохолни пијалаци.

Главната цел на новогодишната кошничка, што беше креирана од производителите, дистрибутерите и трговците, како што велат од министерството, била да се креира поширока листа на одделни прехранбени производи што се ставија со намалени цени на рафтовите во маркетите.

Оттаму додаваат дека со неа се спречило зголемување на цените пред и за новогодишните и божиќните празници и се одржало стабилно ниво на инфлацијата во декември 2024 година и во текот на овој месец.

Од Министерството за економија и труд велат дека во наредниот период ќе продолжат да креираат мерки и политики кои ќе значат заштита на стандардот на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк