Речиси е извесно дека дивидендата, во годината во која Комерцијална банка има историски најдобри резултати, ќе биде повисока од тоа што акционерите го добија за 2023 година и изнесуваше 15 евра во бруто износ. Годинава за првите три квартали Комерцијална банка има неоданочена добивка која е двојно повисока од оданочениот профит за 2023 година. Затоа никого не треба да го чуди тоа што берзанската цена на таа акција е на историски рекордно ниво
Комерцијална банка најдоцна до 28 февруари ќе го објави износот на дивиденда што ќе ја подели од добивката во рекордната2024 година на своите акционери. Ова е веќе официјална вест, потврдена од Комерцијална банка со објавата на „Календарот на настани во 2025 година“ што е достапен на веб страницата на Македонската берза на следниот линк https://www.seinet.com.mk/document/70836
Во таа објава кај ставката Други корпоративни настани во зграда е објаснето дека станува збор за цитираме „Собрание на акционери, исплата на дивиденда, и.т.н“. А при тоа е објавено дека повикот за наредното редовно Собрание ќе биде објавен на платформата СЕИ НЕТ во периодот меѓу 24 и 28 февруари годинава.
Од овој контекст на дадената информација може да се заклучи дека дивиденда сигурно ќе има, а најдоцна до 28 февруари ќе биде познато и официјално колкав ќе биде нејзниот износ. А секако таа информација најмногу ги интересира инвеститорите во нашата инвеститорска заедница.
За да се оформи целосно контекстот на значењето на погоре анализираната информација мора да се наведе дека ова лето во интервјуто кое го даде Хари Костов, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на Комерцијална банка, кажа дека ова ќе биде најдобра година досега на најголемата банка во Македонија. И токму заради тоа и може да се очекува најголем до сега износ на дивиденда што банката ќе ја исплати на сите свои акционери.
И тука вреди да се потсети дека копроративната политика на Комерцијална банка декларира дека секогаш кога дозволуваат условите таа банка е подготвена да исплати во дивиденда до 72 отсто од нејзината добивка.
Тргувањето на берзата и досега отворено покажува високо изразен оптимизам и доверба на инвеститорите во акцијата на Комерцијална банка. Затоа што нејзината пазарна цена за прв пат во нашата корпоративна историја ја проби психолошката граница од 30.000 денари за една акција.
Ако дивидендата, која и официјално ќе се знае најдоцна за 38 дена, биде најголема досега, тоа само ќе биде причина плус таа акција, во песимистичко сценарио, да остане над границата од 30.000 денари за акција.
Според најновите актуелни податоци што ги објави таа банка, а се однесуваат за периодот јануари-септември 2024 година, Комерцијална банка за тој период има историски рекордна добивка (пред оданочување) од речиси 72 милиони евра. А тоа е за 46 отсто подобар резултат од истиот период во 2023 година.
Всушност неоданочената добивка на оваа банка за три квартали во 2024 година е двојно повисока од профитот по оданочување што таа банка го пријави во 2023 година.
Така што, повеќе од сигурно е дека дивидендата што ја дели Комерцијална банка ќе биде повисока од тоа што го добија акционерите од добивката во 2023 година.
Вреди да се истакне и тоа што Комерцијална банка заедно со „Алкалоид“ и „Макпетрол“ се единствени од успешните компании, чии акции котираат на берзата, чија дивиденда во огромен износ завршува кај домашни акционери – физички лица и не оди во странство.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.