Connect with us

Uncategorized

ГОДИНАВА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВА ПО ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ Николоски тврди дека добрите економски политики ќе го потврдат тој раст

Николоски смета дека македонската дијаспора има големо влијание врз домашната економија, истакнувајќи дека сите заинтересирани се добредојдени да инвестираат со цел да и помогнат на државата.  

Македонија во 2025 година ќе биде број еден со економски раст во регионот, тоа  се должи на добрите економски политики што ги води Владата, а тие се во корелација со политиките што ги преземаме за сузбивање на корупцијата и криминалот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во синоќешното гостување на ТВ Алфа.

Тој додаде дека македонската дијаспора има големо влијание врз домашната економија, истакнувајќи дека сите заинтересирани се добредојдени да инвестираат со цел да и помогнат на државата.

– Како потпретседател на владата, ги знам економските текови и ние со ова производство и овие даноци кои што ги имаме дома, не можеме да направиме некој квантен скок во развојот и не можеме да направиме некои гигантски чекори, затоа што немаме доволно финансии. Единствениот начин да ги обезбедиме тие финансии е да соработуваме со големи групации, да имаме со нив добри односи и на тој начин да ја градиме соработката, затоа што голем прилив на свеж капитал ние не можеме да генерираме од домашното стопанство. Но, прилив на свеж капитал ќе значи заживување на домашното стопанство – истакна Николоски.

Врз растот на економијата, потенцираше вицепремиерот, огромно влијание има и борбата против корупцијата, процес кој веќе успешно се спроведува со смена на власта.

– Ова е прва влада која што еве седум месеци нема ниту една корупциска афера, што не е мала работа, а имуноста на корупција ќе ги носи добрите економски резултати, затоа што бизнисот сака средина која што не е корумпирана, а во таа насока тоа треба да биде следено со активност на судството и обвинителството, каде што претходните корумпирани ќе одговараат. Се надевам ќе бидат многу поактивни од тоа што се сега – истакна Николоски кој порача дека одговорност мора да има и не смее повеќе да има неказнивост во Македонија.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг