Connect with us

Бизнис

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

Published

on

РС Македонија доби потврда за политиките од кредитната агенција „Стандард и Пурс“, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. Агенцијата ја нотира определбата на Владата за сеопфатни реформи со цел забрзување на економскиот раст, зајакнување на административните капацитети, борба против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото.

Во извештајот Агенцијата наведува дека главен приоритет на Владата е стимулирање на економскиот раст и постигнување стапки на раст до 5% преку реализација на големи инфрастуктурни проекти. Агецијата посочува и дека се вложуваат напори и за зајакнување на инвестициите, подобра наплата на даноците, како и зголемување на пензиите и платите за поддршка на граѓаните. Притоа, посочуваат на потребата од спроведување засилена фискална консолидација.

Со усвоениот Буџет за 2025 година, како што стои во извештајот, дефицитот е проектиран на 4% од БДП. Приходите се очекува да се зголемат за 13%, достигнувајќи 35,7% од БДП, поттикнати од поголемата наплата на даноци и придонеси за социјално осигурување, како и повисоки стапки на економски раст. Расходите ќе забележат раст од 10,3%, што изнесува 40% од БДП, пред се заради повисоките плати во јавниот сектор и социјални трансфери, повеќе средства за здравствена заштита, како и за капитални инвестиции, кои се планирани на 47,2 милијарди денари или 4,2% од БДП. Притисок врз остварување на проектираниот буџетски дефицит според „Стандард и пурс“ може да претставуваат меѓу другото осварувањето на пониски стапки на раст од проектираното, помалата наплата на даноците, сивата економијата, како и згоелмување на трошоците за инвестциите.

Агенцијата наведува дека слабата надворешна побарувачка и ограничена инвестициска активност го ограничија растот на економијата на 2,6% во првите три квартали од 2024 година. Подобрување Агенцијата очекува во 2025 година со раст на економијата од 2,9% и негово стабилизирање на ниво од околу 3% до 2027 година, поттикнати од постепеното закрепнување на надворешната побарувачка и пораст на инвестициската активност.

Агенцијата очекува стапката на инфлација да остане во просек од 3,5% како резултат на растот на цените на храната.

Агенцијата смета дека спроведување на структурните реформи може да донесат значителен напредок за земјата, поддржани од подобрите фискални перформанси, намалување на долгот и силниот економски раст.

„Стандард и пурс„го оценува кредитниот рејтинг на земјата два пати во годината. Кредитниот рејтинг на земјата се оценува двапати во годината и од страна на „Фич“. Тој претставува клучен инфикатор за потенцијалите инвеститорите при носењето одлуки за инвестирање, а го покажува степенот на ризик од инвестирање.

Бизнис

Меѓународен ден на чиста енергија – Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите

Published

on

По повод Меѓународниот ден на чистата енергија, министерката за енергетика Сања Божиновска оствари инспиративна средба со студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Таа гостуваше во „Лабораторијата на знаење“ – ФабЛаб, каде што младите работат на иновативни проекти, создаваат прототипи и активно учествуваат во научноистражувачката работа.

„Младите инженери и иноватори не само што се стекнуваат со знаење, туку создаваат решенија кои ќе ја обликуваат иднината на чистата енергија и во Македонија, но можеби и во светот. Иновациите во оваа област се важни за целиот свет. Нивната креативност и посветеност се движечка сила за развојот на енергетиката и технологијата.“ истакна министерката Божиновска.

За време на средбата, студентите ја запознаа министерката со своите најнови проекти, меѓу кои и иновативни решенија за енергетска ефикасност, користење на 3Д печатење за практични прототипи, како и иницијативи за поддршка на лицата со попреченост. Од нивните идеи, како што посочија, утре може да излезе практична иновација што ќе придонесе за поодржлива иднина.

Во знак на благодарност за нејзината континуирана поддршка, студентите ѝ врачија статуетка што сами ја изработиле и испечатиле на 3Д принтер во лабораторијата.

„Од овие млади луѓе учиме дека можностите се неограничени кога има поддршка и инспирација. Наша должност е не само да ги едуцираме, туку и да ги мотивираме. Македонија има талентирани млади, а наша задача е да создадеме услови тие да се развиваат и да останат тука, носејќи иновации и напредок.“ додаде министерката.

Министерката ги охрабри студентите да продолжат со својот иновативен дух и најави поддршка за проекти кои ќе придонесат за чиста енергија, енергетска ефикасност и одржлив развој.

„Овие студенти се идните лидери на нашата енергетика, а нивните идеи ќе бидат двигател на македонската енергетска транзиција.“ истакна таа.

Меѓународниот ден на чиста енергија, кој се одбележува на 26 јануари, беше прогласен во 2023 година од Генералното собрание на ОН (резолуција A/77/327) како повик за подигнување на свеста и мобилизирање на активности за праведна и инклузивна транзиција кон чиста енергија, за доброто на луѓето и планетата.

Continue Reading

Бизнис

Вонредни контроли во зимските туристички центри: Утврдени непрсвилности

Published

on

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри.

Како што соопшти АХВ, контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.

Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација, стои во соопштението на АХВ.

Кај другите контролирани оператори со храна, како што додаваат оттаму, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.

Continue Reading

Бизнис

Младите се иднината на чистата енергија и иновациите, им порача Божиновска на студентите

Published

on

По повод Меѓународниот ден на чистата енергија, министерката за енергетика Сања Божиновска оствари инспиративна средба со студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Таа гостуваше во „Лабораторијата на знаење“ – ФабЛаб, каде што младите работат на иновативни проекти, создаваат прототипи и активно учествуваат во научноистражувачката работа.

„Младите инженери и иноватори не само што се стекнуваат со знаење, туку создаваат решенија кои ќе ја обликуваат иднината на чистата енергија и во Македонија но можеби и во светот. Иновациите во оваа област се важни за целиот свет. Нивната креативност и посветеност се движечка сила за развојот на енергетиката и технологијата.“ истакна министерката Божиновска.

За време на средбата, студентите ја запознаа министерката со своите најнови проекти, меѓу кои и иновативни решенија за енергетска ефикасност, користење на 3Д печатење за практични прототипи, како и иницијативи за поддршка на лицата со попреченост. Од нивните идеи, како што посочија, утре може да излезе практична иновација што ќе придонесе за поодржлива иднина.

Во знак на благодарност за нејзината континуирана поддршка, студентите ѝ врачија статуетка што сами ја изработиле и испечатиле на 3Д принтер во лабораторијата.

„Од овие млади луѓе учиме дека можностите се неограничени кога има поддршка и инспирација. Наша должност е не само да ги едуцираме, туку и да ги мотивираме. Македонија има талентирани млади, а наша задача е да создадеме услови тие да се развиваат и да останат тука, носејќи иновации и напредок.“ додаде министерката.

Министерката ги охрабри студентите да продолжат со својот иновативен дух и најави поддршка за проекти кои ќе придонесат за чиста енергија, енергетска ефикасност и одржлив развој.

„Овие студенти се идните лидери на нашата енергетика, а нивните идеи ќе бидат двигател на македонската енергетска транзиција.“ истакна таа.

Меѓународниот ден на чиста енергија, кој се одбележува на 26 јануари, беше прогласен во 2023 година од Генералното собрание на ОН (резолуција A/77/327) како повик за подигнување на свеста и мобилизирање на активности за праведна и инклузивна транзиција кон чиста енергија, за доброто на луѓето и планетата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк