Connect with us

Македонија

На денешен ден се случи финалниот македонски меѓучекор до независност (ФОТО)

Published

on

На денешен ден на 25 јануари 1991 година во Собранието на тогаш Социјалистичка Република Македонија е изгласана Декларацијата за сувереност на Македонија.

Иако југословенската Армија под контрола на Слободан Милошевиќ и генералот Аџиќ се уште беа во земјата а од Белград доаѓаа закани дека може да дојде до војна ако Македонија се обиде да се отцепи во собранието беше усвоен документот кој овозможи Македонија на 8 Септември да прогласи независност.

Декларацијата за сувереност на Македонија беше донесена во согласност со уставните определби за независност и територијален интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување.

На фотографијата покрај дел од пратениците се гледа тогашниот претседател Киро Глигоров кој два дена по изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 25 јануари 1991 година, бил избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија на 27 јануари 1991 година. На 7 март Глигоров му го доверил мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада.

На сликата се гледа и Васил Тупурковски кој беше македонски претставник во колективното претседателство на се уште постоечката СФРЈ кое беше во Белград.

Десно од Глигоров и Тупурковски на сликата се гледаат идниот премиер Никола Кљусев и академикот Блаже Ристовски кој подоцна стана вицепремиер во македонската влада.

Македонија

Малолетници во бессознание завршиле во болница

Published

on

Ноќеска 55 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар.

Подоцна во 4.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното и тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Полицијата во акција: апсења во Скопје, Тетово, Гевгелија и Битола

Published

on

На 25.01.2025 во периодот од 10.45 до 11.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на С.С.(46) од Дреновец-Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава” и 263 куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 25.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобда Р.Љ.(65) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2025 во 22.20 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.П.(19) од Неготино затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.01.2025 во 02.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.А.(22) од Гевгелија затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.01.2025 во 21.30 часот на ул„Крушево” во Битола, полициски службници од СВР Битола го лишиле од слобода од А.Р.(20) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документурање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Шарпланинскиот Куп се враќа? Нови можности за македонското скијање

Published

on

Директорот на Ски Центарот „Попова Шапка“, г. Абдиљгани Алији, заедно со техничкиот директор г. Станислав Бојчески, се сретнаа со претставниците на Федерацијата на Скијачите на Македонија.

На овој продуктивен состанок беше најавено враќањето на значајни натпревари, меѓу кои и престижниот Куп на Шар Планина. Овој натпревар претставува клучен чекор за развојот на скијањето во Македонија, овозможувајќи нови можности за спортистите и љубителите на овој спорт.

Со нетрпение ги очекуваме следните чекори и напредокот кој ќе го донесе оваа иницијатива за скијачката сцена во земјата!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк