Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Во среда и четврток (29 и 30 јануари) од запад влажен бран ќе ја зафати Македонија!

by Уредник
27.01.2025
in Uncategorized

Метео анализа на Славчо Попоски:

По подолгиот период на стабилно и суво време со густа магла по котлините и со натпросечно високи температури на воздухот, особено на повисоките места, планините  и на Скијачките центри, оваа среда и во четврток (29 и 30 јануари) од запад и југозапад територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран кој на повеќе места ќе услови повремени врнежи од дожд, проследени со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Пообилни врнежи ќе има во западните предели, каде локално ќе наврнат над 25 литри дожд на метар квадратен. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, со што постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

И во Скопје  и околината во среда  и во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Сепак, по котлините и понатаму ќе има услови за магла и за ниска облачност, особено во ноќните  и во утринските часови.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени, додека масималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 3 и 6 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.

Next Post

Николоски: На постојните девет авио-дестинации работиме да воведеме уште најмалку две до три нови линии

Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега

Препорачани Вести

ПОД ДУШЕК КРИЈТЕ ПО 70 ЕВРА ЗА ВОЗРАСЕН И 30 ЗА ДЕТЕ – Централната банка на Холандија ги шокираше граѓаните

8 months ago
Маск целосно игнориран: Најголемото недоразбирање помеѓу Трамп и Маск досега

Маск целосно игнориран: Најголемото недоразбирање помеѓу Трамп и Маск досега

10 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.