Connect with us

Uncategorized

Посебен пакет со „понормална“ цена на струјата е една од опциите за комуналните претпријатија, болниците, школите…

Се прави сеопфатна анализа за потрошувачката на струја во јавните комунални претпријатија, болниците, школите, училиштата,… кои имаат енормни сметки, се размислува да се направи посебен пакет за нив со „понормална“ цена, а се работи и на формирање балансна група во која ќе бидат групирани. Деновиве не може да се каже кое ќе биде решението, но во почетокот на вториот квартал ќе има одговор, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Како што напомена Божиновска, целта на Владата е да се направи системско решение.

-Ние сме свесни за овој проблем. Уште кон крајот на минатата година почнавме да ги гледаме болниците, школите, училиштата, комуналните претпријатија кои имаат енормни сметки за струја. Тие можеби од незнаење или немање стручен кадар, на пример, ако не изберат снабдувач одат во снабдување со краен случај. И сами не се запознаени со последиците од непостапувањето. Тоа е една работа, а друга е дека се оставени на ризик на берзата. Тие се непрофитни и ние сега правиме сериозна и темелна анализа, да видиме колку енергија е тоа, колку мегават часови е вкупно, и ќе видиме да направиме пакет за нив, да видиме да имаат некоја друга, понормална цена, односно да има некои заштеди, рече министерката, одговорајќи на новинарски прашања пред настанот за домашната берза на електрична енергија.

Божиновска е децидна дека сега, утре или задутре не може да се даде одговор на прашањето дали утре на владина седница ќе им биде дозволена некаква цена или ќе бидат поучени како да набавуваат струја по пониска цена.

-Владата е таа што ги плаќа сметките. Ние сме свесни. Сакаме да направиме системско решение. Сега е зима и најпрво треба да се погрижиме зимата да заврши и се да биде како што треба. Но, работиме на една балансна група во која ќе бидат сите овие претпријатија, ќе видиме какви се можностите и кои ќе бидат цените. Не можеме сега, утре или задутре да дадеме одговор, но во почетокот на вториот квартал ќе имаме повеќе сознанија и пресметки, истакна Божиновска.

Таа нема сознанија дали некој е повикан на одговорност или казнет зошто го надминува законскиот максимум три месеци да се снабдува со поскапа струја.
Немам такви сознанија и не знам што се случува, но точно е дека има некои што злоупотребуваат со непостапување. Ќе прашам и ќе видам што се случува, ние не сме надлежни за тоа, рече Божиновска.

Причината за зголемениот увоз на електрична енергија министерката ја гледа во ненаправените ремонти, но за ова прашање, сепак, ги упати новинарите одговор да побараат од ЕСМ.

-Министерството има задача да прави и спроведува стратегија. За најпрецизен одгoвор, ова прашање треба да го упатите во ЕСМ. Јас можам само да кажам за тоа што беше затекнато – ненаправени ремонти и на тоа се должи увозот на струја. За подетални информации обратите се во ЕСМ, а и јас можам да ги контактирам за да имаме најточни информации што се случувало и зошто е толкав увозот на електрична енергија, истакна Божиновска.

Министерката потврди и дека криза во снабдувањето со гас нема.

-Многу малку набавуваме за да бидеме фактори и за да имаме некоја криза со увоз на гас. Тоа е одлука на менаџмент, дали ќе набавува нешто долгорочно или краткорочно за оптимизација на трошоци, рече Божиновска.

На прашањето дали има недоразбирања со министерот за транспорт околу МЕПСО, одговори дека со никој не е скарана.

Со никој не сум скарана, се е според европските легислативи и природно е МЕПСО да потпадне под Министерсвото за енергетика, тоа е огласно европската регулатива и воопшто не е дискутабилно, децидна е Божиновска.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг