Connect with us

Македонија

Измамен 20-годишник за над 4.000 долари! Му кажале дека може да се стекне со наследството на починат Македонец!

Published

on

policija

На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари. 

Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални, се претставило дека е од Малта и дека може да помогне да се стекне со наследство на починато лице од Македонија, кое немало законски наследници.

Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари тој во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading

Македонија

Ова се државите кои примиле повредени од трагедијата во Кочани

Published

on

По страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, започна брза меѓународна медицинска помош за тешко повредените граѓани. Благодарение на интензивната комуникација и соработка со партнерските земји, за помалку од 12 часа по несреќата, првите пациенти беа испратени на лекување во странство.

До утрово, вкупно 51 македонски граѓанин се наоѓа на лекување во следните земји:

• Бугарија 🇧🇬 – 14 пациенти во три болнички установи

• Турција 🇹🇷 – 9 пациенти

• Грција 🇬🇷 – 5 пациенти

• Србија 🇷🇸 – 17 пациенти

• Литванија 🇱🇹 – 4 пациенти, транспортирани со авион обезбеден од Романија 🇷🇴

• Унгарија 🇭🇺 – 2 пациенти

Во текот на денешниот ден, дополнителни пациенти ќе бидат испратени на лекување во:

• Австрија 🇦🇹 – 6 пациенти

• Словенија 🇸🇮 – 4 пациенти

• Хрватска 🇭🇷 – 4 пациенти

• Норвешка 🇳🇴 – 2 пациенти

Дополнително, за да обезбедат медицинска помош на повредените во земјава, пристигнаа медицински тимови од Чешка 🇨🇿, а се очекува и пристигнување на тимови од Израел 🇮🇱 и Белгија 🇧🇪.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази голема благодарност до сите земји што веднаш одговорија на повикот за помош, нагласувајќи дека оваа солидарност е потврда за сојузништвото и пријателството што Северна Македонија го има со бројни држави ширум светот.

Continue Reading

Македонија

Во текот на ноќта пациенти ќе се испраќаат во Австрија, Грција и Хрватска

Published

on

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.

Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:

Клинички центар – 52 пациенти
ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти
Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти
Клиника за токсикологија – 10 пациенти
Аџибадем Систина – 7 пациенти

Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

Литванија – 4 пациенти
Австрија – 2 пациенти
Словенија – 2 пациенти
Република Србија – 12 пациенти
Република Бугарија – 1 пациент

Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.

Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија се формирани мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.

За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк