Connect with us

Македонија

Четири девојчиња истепале познаничка, настанот го снимиле со мобилен и го споделувале на социјални мрежи

Published

on

Вчера во СВР Скопје, Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека на 24.1.2025 во период од 21 до 22.20 часот на подрачјето на Центар, неговата малолетна ќерка во два наврати била физички нападната од четири малолетнички, кои ги познавала, а настанот бил снимен со мобилен телефон и споделуван на социјални мрежи.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Published

on

Општина Битола објави Јавен повик за финансиска поддршка на лица со ретки болести, со цел покривање на патни трошоци до здравствени институции надвор од Битола и поддршка за надминување на нивните секојдневни предизвици. Оваа мерка е наменета за лицата со ретки болести кои се наоѓаат во незавидна социјална и здравствена положба.

Оваа мерка во општината започна да се применува од 2023 година, на предлог на градоначалникот Тони Коњановски, по работната средба со претставници на здруженијата на лица со ретки болести од Битола, кога беше согледана потребата од локална поддршка за оваа категорија граѓани. Веќе трета година по ред Општина Битола издвојува по еден милион денари за финансиска помош која веќе е системски вклучена во Програмата за социјална заштита на Општина Битола.

Во општината регистрирани се околу 30 лица со ретки болести, а локалната самоуправа ќе продолжи активно да ги поддржува, како преку конкретни мерки, така и преку поддршка на нивните иницијативи.

Јавниот повик, објавен од општината со прилог барања, достапен е на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-lica-so-retki-bolesti/.

Услови за аплицирање

За искористување на финансиската поддршка, лицето треба да ги исполни следните критериуми и да достави соодветна документација:

  • Да биде регистрирано како лице со ретка болест согласно дијагноза и критериуми утврдени од Министерството за здравство и/или да достави писмен документ од соодветна медицинска установа која ја потврдува состојбата (медицинска документација).
  • Да приложи медицински извештаи од посети на клиника надвор од Битола.
  • Да биде жител на општина Битола со важечка лична карта со адреса во општината. Доколку адресата во личната карта не се совпаѓа со реалното место на живеење, потребно е дополнително да се достави доказ за живеалиште.
  • Да има важечка трансакциска сметка во банка (копија од трансакциска сметка).
  • Да пополни пријава и изјава заверена на нотар (документи во прилог на јавниот повик).

Начин на исплата и рок за аплицирање

Јавниот повик останува отворен во текот на целата година, до целосно искористување на средствата. Исплатата ќе се врши двапати годишно – во јули и декември. Едно лице може да добие финансиска поддршка еднаш годишно, во максимален износ од 30.000 денари (бруто износ), во зависност од потребите за лекување надвор од Битола.

За дополнителни информации, заинтересираните лица можат да се обратат во Општина Битола.

Continue Reading

Македонија

Финансиската полиција повторно во акција, откриен голем криминал

Published

on

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поденсе кривична пријава против К.Х поради исновано сомнение дека го сторил кривичното дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик .

Пријавениот К.Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, трговија и услуги ХЕЛЕНА-М ДООЕЛ увоз-извоз Василево Струмица во периодот од 01.01.2019 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист акумулираната добивка во износ од 143.547.895 денари (која се намалува за пренесена загуба во износ од 107.153.008 денари, а која загуба се покрива од Резервите кои изнесуваат 33.038.978 денари, при што останува добивка за оданочување во износ од 63.086.473 денари на која се додава Добивката за фискалната година во износ од 4.185.559 денари), евидентирана во пасивата на Билансот на состојба неосновано ја присвоил за себе, меѓу другото не извршил отпис на застарени Побарувања од купувачи во износ од 69.598.403 денари, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности, не изготвил и не поднел Завршни сметки од 2019 година до денес до Управата за Јавни приходи и до Централниот Регистар на Република Северна Македонија, при што пријавениот К. Х. не пресметал и не уплатил Данок на Добивка во износ од 6.308.647 денари по основ на присвоена акумулирана добивка, а за неотпишаните застарени Побарувања од купувачи не пресметал и не уплатил Данок на добивка во износ од 6.959.840 денари или вкупно 13.268.488 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.

Continue Reading

Македонија

Финансиски малверзации на Клиниката за дерматологија, утврдија ревизорите, 39 отсто од лековите се со поминат рок

Published

on

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за дерматологија на сметката за 2023 година.

Изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година за сметката за средства од фондот 737, додека за сметката за сопствени приходи 531 изразено е мислење без резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година.

Утврдени се повеќе слабости кои се однесуваат на управувањето со лековите за ретки болести во Клиниката. Потребните лекови од добавувачите преку Програмата за ретки болести ги набавува и нарачува Министерството за здравство каде е воспоставен и електронски регистар за нивно евидентирање. Утврдено е дека нема сметководствена евиденција на примените и потрошените лекови за ретки болести и не е направен попис на истите. Во текот на 2023 година примени се лекови во износ од 37.434 илјади денари, а во интерните рачни евиденции на клиниката се прикажани издадени лекови во износ од 27.394 илјади денари што е помалку за 8.843 илјади денари помалку во однос на евидентираните во регистарот.
Во текот на ревизијата направен е попис и побарани се податоци од пациентите за видот и количината на лекови кои ги имаат подигнато од Клиниката, а поради природата на болеста ги немаат потрошено, при што е утврдено дека пациентите располагаат со лекови во вредност од 31.748 илјади денари, од кои 39% се лекови со поминат рок.

Фондот одобрил условен надоместок за 2023 година на Клиниката за набавка на апарати и специфични лекови во износ од 13.000 илјади денари. Утврдено е дека потребата за набавка на истите не е резултат на доставени предлози од страна на стручниот колегиум. При тоа, набавени се два ласери во вредност од 9.995 илјади денари, кои до денот на ревизијата не се ставени во употреба. Исто така, за вршење на дополнителни услуги со истите не е добиена согласност на ценовникот од страна на Министерството, особено што поголем дел од услугите кои може да се вршат со овие апарати се од естетска и козметолошка природа и не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување.

Во рамките на спроведената ревизија, истакнато е клучно прашање во врска со неисполнувањето на законските обврски за обезбедување вистинско и ефикасно купување на здравствени услуги, како што е предвидено во Законот за здравствено осигурување.
Имено, согласно член 69 од Законот за здравствено осигурување, Фондот за здравствено осигурување има обврска да обезбеди средства за купување на здравствени услуги од јавните здравствени установи (ЈЗУ), со договорен надоместок утврден според критериумите на Одлуката за утврдување на буџетот на здравствените установи. Фондот е исто така задолжен да обезбеди средства за целосно функционирање на тие ЈЗУ кои не можат да остварат доволен обем на услуги во рамките на договорениот надоместок, во кој спаѓа и Клиниката.

Во 2023 година, обемот на услуги се намалил во споредба со 2022, додека договорниот надоместок бил зголемен.

Податоците од системот „Мој Термин“ покажуваат дека услугите на Клиниката ги користат помал број на пациенти и се реализирани значително помалку услуги од планираните термини и расположливите капацитети.

Во делот на Останати прашања е известено за Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството, кои не се воспоставени во целост, како и за ненаплатените побарувања од Министерството за здравство за извршени здравствени услуги по програми за здравствена заштита во износ од 1.319 илјади денари, чија наплата е неизвесна.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк