На 29.01.2025 година во 00:40 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службенициод СВР- Тетово го лишиле од слобода Ј.Д.(26) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот околу 23.00 часот, во нивниот семеен дом во Тетово, со остар предмет му нанел телесна повреда на неговата сестра Е.Д.(24) и на нивната мајка. Од него бил одземен остар предмет и истиот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.







