На почетокот на 2025 година вредноста на Биткоин (BTC) е 100.000 долари и тоа не е ништо ново. Она што пред само неколку години изгледаше незамисливо за многумина, денес е нормално, па дури и тривијално. Ова е моделот што го гледаме низ кратката историја на криптовалутите: невозможно вчера, очекувано или дури и разочарувачко денес.
„Една од карактеристиките на моменталниот растечки консензус околу криптовалутите е тоа што освојувањето на целта и постигнување вредност од 100.000 долари, заедно со значајниот напредок на индустријата во 2024 година што го направија тоа можно, беше толку моќно и возбудливо што за некои изгледа како да нема ништо повеќе што треба да се постигне“, според Ричард Тенг извршниот директор на Binance.
Според Тенг крипто индустријата во 2024 година направи неверојатен напредок за краток период, наспроти претходниот скептицизам за потенцијалот и моќта на блокчејн-технологијата. Една од најштетните последици на овој став е перцепцијата дека е предоцна за да се влезе во крипто.
„Да, BTC со вредност од 100.000 долари е новата нормала, но што следува? 300.000? 500.000? Еден милион? Невозможно!“ – според Тенг тоа е ставот на кој често наидува во разговорите со корисниците, а особено со оние кои сè уште не влегле во крипто просторот.
„За оние кои сè уште не се вклучени, ова создава чувство дека врвот веќе поминал. Зошто да се трудат, ако најдобрите можности се зад нас? Овој начин на размислување обесхрабрува истражување и води кон пропуштени шанси“, според Тенг.
Ова не се однесува само на цените на BTC, во освртот Тенг го зема Биткоин како корисен показател за напредокот на дигиталните средства и прифаќањето на блокчејн-технологијата. Пропуштените можности одат многу подалеку од пазарните добивки. Тие опфаќаат иновации и трансформации кои го менуваат начинот на работење на индустриите и ги подобруваат животите ширум светот.
„Сè уште сме во раните фази. Ако не сте дел од ова движење, сега е вистинското време да се приклучите. Можеби е тешко да се замисли следниот бран на експлозивен раст, но подетален поглед на тоа што се случува на теренот открива дека моментумот на индустријата од 2024 година само се забрзува во 2025 година – во масовното и институционално прифаќање, пазарните иновации и создавањето реална вредност“, истакнува Ричард Тенг.
Последните случувања во крипто индустријата како најавата за национална стратегиска резерва на Биткоин или одекот од создавањето на мемекоините $TRUMP и $MELANIA пред инаугурацијата на Доналд Трамп се доказ за способноста на криптовалутите да влијаат на социјалните, културните, па дури и политичките трендови на начини кои никогаш не сме можеле да ги замислиме.
„Растечкото прифаќање на криптовалутите на Вол Стрит сега оди многу подалеку од спот ETF-ите кои ги доминираа насловите во 2024 година. Производи за животно осигурување деноминирани во BTC, хибридни фондови за крипто и недвижности, како и големи управители на средства како BlackRock кои ги интегрираат Bitcoin ETF-ите во своите фондови фокусирани на приходи, ги вградуваат дигиталните средства сè подлабоко во глобалниот финансиски систем. Потоа, тука е неискористениот потенцијал за усвојување на криптовалутите. Во моментот, околу 700 милиони луѓе ширум светот се занимаваат со крипто – само дел од светската популација. Но, бројот на оние чии животи би можеле да се подобрат со дигиталните средства е во милијарди. Растечката свесност, подобрените кориснички интерфејси и отстранувањето на техничката комплексност го отвораат патот за поголемо прифаќање“, потенцира Тенг.
Според Тенг идејата дека е предоцна да се влезе во крипто не може да биде попогрешна, затоа што токму раните корисници профитираа од својата визија, но можностите кои претстојат се исто толку значајни. Со оглед на тоа што само мал процент од светската популација е вклучен, постои огромен простор за раст и инклузија.
Binance е посветен токму на олеснување на овој премин за новите корисници. Преку кориснички пријателските интерфејси и финансиските производи дизајнирани да бидат едноставни ги рушат бариерите и осигуруваат секој да може да учествува. Алатките за симулирано тргување на Binance им овозможуваат на корисниците да се запознаат со крипто пазарот без да ризикуваат вистински средства.
„Инклузивноста на криптовалутите оди подалеку од финансискиот пристап. Станува збор за овозможување на индивидуи и заедници да преземат контрола врз своите средства, податоци и онлајн идентитети, поканувајќи ги сите да учествуваат во децентрализираната мрежа на иднината. Со намалување на зависноста од традиционалните финансиски системи и интернет платформи, дигиталните средства создаваат нови патишта за можности и зајакнување.
Зборувајќи за улогата на Binance Ричард Тенг потенцира дека фокусот останува на поттикнување на глобалното прифаќање и создавање алатки кои ќе ја направат криптовалутата подостапна за секого. Од создавање решенија кои лесно се прилагодуваат и прошируваат за финансиска инклузија до градење динамичен екосистем на Web3. Исто така ја нагласи важноста на соработката со носителите на политики за воспоставување регулативи кои овозможуваат напредок или за поддршка на иницијативи на локално ниво кои го покажуваат реалниот импакт на криптовалутите.
„Binance е тука да предводи и да ги поттикне корисниците. Во 2025 година, нашиот фокус ќе остане на поттикнување на глобалното прифаќање и создавање алатки кои ги прават криптовалутите достапни за секого. Нашата цел е да осигуриме дека растот на индустријата ќе биде во корист на што поголем број луѓе. Приказната за криптовалутите штотуку почнува да се пишува. Огромниот потенцијал на дигиталните средства да ги трансформираат животите и да ги преобликуваат индустриите само што почнува да се реализира. Ако досега бевте настрана, сега е вистинското време да истражите што нуди оваа технологија“, заклучи Тенг.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.