Connect with us

Uncategorized

Цените на храната во Македонија: Дали вистински растат или паниката е преголема?

Цените на храната во Македонија се во фокусот на јавноста, а различни извори прикажуваат различни слики за состојбата. Синдикалната кошница на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), прикажува зголемување на основните животни трошоци, а официјалните податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) даваат посмирена перспектива. Кој, каде и што ги покачува цените?

Синдикална кошничка наспроти статистиката

Според документот „Разлика во цени – декември 2024 со јануари 2025“ на ССМ, некои производи бележат значителен раст, додека други остануваат стабилни.

Најголеми поскапувања (декември 2024 – јануари 2025) има кај: нескафе лименка (200гр) – 365 денари → 544 денари (+49%); краставици (1 кг) – 75 денари → 119 денари (+44%); спанаќ (650 гр) – 59 денари → 89 денари (+30%); oцет (500 мл) – 79 денари → 85 денари (+7%)…

Има и производи со намалени цени како што се овчото сирење  (580 гр) – 350 денари → 287 денари (-18%); доматите (1 кг) – 129 денари → 119 денари (-8%); зелката (2 кг) – 119 денари → 95 денари (-20%); пилешко месо (1,5 кг) – 359 денари → 329 денари (-8%); joгурт (1 кг) – 89 → 73 денари (-18%)…

Според синдикалната кошничка на ССМ, нема никакво зголемување на цените кај млечните производи во јануари, во споредба со декември лани, така цената на млекото, во декември 2024 и во јануари 2025 година (заклучно со 20 јануари) е останата на 67 денари. Непроменета е цената и на други основни прехранбени производи, како брашно, тестенини, шеќер, сол, масло за јадење и кафе.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека општата инфлација за декември 2024 – јануари 2025 изнесува 0,3 проценти. Цените на храната во текот на 2024 година се зголемени за 5,6 проценти. Индексот на трошоците на животот бележи раст од 3,5 проценти на годишно ниво. Ова покажува дека цените растат како резултат на глобален економски тренд, а не на локални политики или профитирање на трговците.

Причини за зголемувањето на цените

Цените на храната во Македонија се зголемуваат, но не толку драматично како што се претставува во одредени извештаи. Најголемите причини за покачувањето се глобални економски фактори, сезонски трендови и логистички проблеми.

Цените на енергенсите (струја, гориво) се покачени, што влијае врз цената на производството и транспортот. Тука се повисоките цени на суровини, како жито, млеко и шеќер, кои зависат од глобалниот пазар. Растечки цени на добиточната храна влијаат врз млечните производи и месото. Прекините во транспортот и зголемени трошоци за увоз ги зголемуваат цените на производите кои не се домашно произведени. А тука се и факторите во зависност од сезоната, односно зимските месеци значат намалена локална понуда на овошје и зеленчук, што ја зголемува нивната цена.

Во креирањето на цените во последниве години големо влијание имаа и државните мерки и препораки. За потсетување, во јули 2022 година, во екот на растот на цените на енергијата, првпат беше иницирана државна мерка. Тогашното Министерство за економија најави субвенционирана цена на струјата за по 100 до 120 евра по мегават час, а во тој момент цената во Србија беше 95 евра. Стопанствениците  со огромно задоволство ја примија таа вест, со оглед на фактот дека во тој момент цените надминуваа 500 евра, а прогнозите од берзите на струја покажаа потенцијален раст  на цената до цели 800 евра. Тогаш направените анализи покажаа дека доколку во тој момент на стопанството му биде дадена преференцијална цена, постои простор за намалување на цените на одредени прехранбени производи до 10%. Најавената бенефицирана цена се одобри дури кон крајот на годината. Во тој момент веќе и меѓународните цени на струјата беа смирени и разликата меѓу преферираната цена од 120 евра и берзанската беше многу помала отколку во пикот, во летото 2022 година. Па ваквото одолговлекување на одлуката го намали просторот за намалување на цените – далеку од споменатите 10%.

Во тој период домашното стопанство ги забележа најголемите загуби одржувајќи производство по астрономски високи цени на енергенси и суровини. Намалувањето од 10% како проекција на бенефицирана цена на струјата, не беше веќе реално ни возможно. Таа мерка дојде како државна одлука со која цените беа замрзнати на минус 10% од моменталните. Со овој преседан почна праксата на донесување мерки, без разлика на економските последици, особено по домашните производители на храна.

Различни производи со различен одговор на растот на цената

Факт е дека некои производи бележат значително зголемување на цените, особено зеленчукот и увезените производи. Официјалните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат умерен раст на цените (5,6%), што е во рамките на глобалниот тренд. Синдикалната кошница пак вклучува производи што не се неопходни за секое домаќинство.

Според последните податоци на ДЗС, лани во декември, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,1 % на месечно ниво, а повисоки за 5,3 % на годишно ниво. Забележано е и намалување на цените на производите за широка потрошувачка. Така, во декември 2024 година, во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1,9 % и Енергија за 0,9 %.

Многу често при компаративното споредување на нашите цени со оние во Германија, Австрија, Бугарија… се доаѓа до заклучокот дека се пониски отколку во Македонија. Притоа се занемарува фактот дека меѓу тие земји не постои царинска заштита, а увозните царини за некои прехранбени производи и влезни суровини во Македонија достигнуваат и до 65% (доматите на пример). Превозот од Германија до тука може да чини и по 4.000 евра по камион.

Проблемот со цените треба да се реши долгорочно, односно да се направи стратегија за да имаме поголемо производство на суровини и да не бидеме зависни од увоз. Додека сме зависни од увоз ќе имаме ценовни шокови како што има цел регион бидејќи зависиме од некој друг, предупредуваат експертите.

Извор: mkd.mk

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг