Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Македонски Концепт со остра осуда за иницијативата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами

by Уредник
30.01.2025
in Uncategorized
koncept

Македонски Концепт изразува најостра осуда за иницијативата на Општина Тетово за преименување на веќе постоечки улици, особено во однос на можноста за доделување имиња на личности поврзани со фашистичкиот период или со конфликтот од 2001 година. Овој обид за историски ревизионизам е неприфатлив и претставува директен атак врз антифашистичките вредности, кои се темел на македонската државност.

Враќањето на балистичката идеологија е антиЕУ чин што мора да биде санкциониран. Ширењето на неофашистички и етнички шовинистички наративи во албанската заедница во Македонија ја оддалечува земјата од европските вредности, додека поттикнувањето на верски исламистички радикализам носи трајна нестабилност и ја враќа Македонија векови наназад.

Иницијативата на Касами со право предизвика вознемиреност кај граѓаните, особено кај македонската етничка заедница, која стравува дека новите имиња ќе значат бришење на споменот за партизаните и борците против фашизмот. Категорично се спротивставуваме на какви било промени што би значеле елиминирање на имињата на улици што носат спомен на антифашистичката коалиција. Исто така, сметаме дека е целосно неприфатливо и спротивно на Уставот да се размислува за именување улици и јавни површини со имиња на фашисти и балисти, бидејќи нивната улога во историјата е јасно утврдена.

Градоначалникот Касами треба да знае дека имињата на улиците имаат своја историска и културна основа. Особено, улицата „Кавказка“ е именувана како знак на почит кон Албанците и нивното древно потекло од Кавказка Албанија. Обидот да се оспори овој историски факт е длабока навреда за нашите сограѓани Албанци и истото не му го препорачуваме. Отворањето на овие теми не е чекор кон иднината, туку поттикнување на стари рани од минатото.

Ги повикуваме сите надлежни органи и институции да постапуваат со највисока одговорност и почит кон историјата и жртвите што се бореле за слободата и независноста на Македонија. Историјата не смее да биде предмет на политички манипулации или ревизии што ќе предизвикаат поделби и тензии меѓу граѓаните.

Бараме од градоначалникот Касами итно да го прекине овој процес и да обезбеди дека сите одлуки ќе бидат донесени транспарентно, со вклучување на сите засегнати страни и со почит кон историските факти и вредности.

Македонски Концепт останува посветен на зачувување на историското наследство, европските вредности и владеењето на правото.

Се вели во соопштението на Центарот за комуникации и анализа на Македонски Концепт

Next Post

Цените на храната во Македонија: Дали вистински растат или паниката е преголема?

policija

Тешка несреќа во Скопје: Девојка загина на булеварот „Партизански одреди“

Препорачани Вести

Ѓорѓиевски: Во тек е проширување и реконструкција на мостот „Киро Фетак“

4 months ago

Католиците низ светот денес го прославуваат Божиќ

1 month ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.