Connect with us

Македонија

Оваа борба со цените е борба со ветерници

Published

on

Од короната наваму, постојано сме во некакви орочени „замрзнувања“ на цените. Од една до друга криза. Од еден до друг празник. Државата ни ги уредува и рабатите и маржите. И бидејќи и тоа не е доволно, во бесмислената битка самоиницијативно се вклучува и народот, со еднодневен бојкот на маркетите, во надеж дека цените ќе паднат, а платите и пензиите, нормално, само ќе ни растат.

Во пресрет на утрешниот ден (петок, 31 јануари), кога е закажан бојкот на маркетите – чија цел е наводно да им се зададе ако не смртен, тогаш барем симболичен удар на „аличните трговци“ кои ги кренале цените „до небо“ за да остваруваат „високи профити“ – би сакал, почитувани читатели, да го свртам вниманието на реалните состојби во оваа област.

Трговијата е област во која се преплетуваат интересите на многу општествени субјекти: ние граѓаните сакаме добро снабдени маркети со ниски цени, производителите сакаат што поскапо да ги продадат своите производи, државата сака да си ги лапне давачките, вработените во маркетите сакаат пристојни плати и услови за работа, а сопствениците и да остварат профити. Сите интереси се легитимни, а во општествата со пазарна економија, нема подобар регулатор на различните и на спротивставените интереси од пазарот.

Оние кои ги разбираат овие базични постулати, ги повикувам да прочитаат една симплифицирана, но во основа точна анализа за тоа како еден производ „патува“ од производителот (добавувачот) до потрошувачот во маркетите и што се случува со цената на производот на тој тежок пат. Мојата анализа се темели на лесно проверливиот податок дека цената по која трговецот ги набавува производите изнесува околу 80% од продажната цена, оперативните трошоци на маркетите се околу 18%, а чистиот профит е просечно околу 2%.

Рабат и маржа не е исто!

Значи, да земеме за пример еден производ кој во маркетот се продава по цена од 100 денари. Трговецот од добавувачот го купува по цена од 80 денари. За да биде анализата малку поптимистична, ќе ја спуштиме т.н. влезна цена на 75 денари.

Инаку, вообичаена пракса е производителот и добавувачот да се пазарат за влезната цена. Па така, добавувачот може да одлучи на еден трговец истиот производ да му го продаде по пониска цена (да речеме, по цена од 70 денари), а на друг трговец по повисока цена (на пример, 85 денари).

Тој попуст на влезната цена, што добавувачот му го дава на трговецот, се вика рабат. Од што зависи рабатот? Од многу фактори. Пред се, можно е производителот да одобри попуст, со цел крајната цена на неговиот производ да биде пониска и поконкурентна на пазарот. Од друга страна, можно е трговецот да понуди подобри услови за транспрот и складиштење на производот, или подобра видливост во маркетите. Понекогаш рабатот зависи и од вкупните деловни односи меѓу производителот и трговецот и од многу, многу други фактори.

Интересно е дека во законот со кој се регулира трговската практика, наводно за да се спречат нефер трговски практики, рабатот кај нас е ограничен на 10%. По тоа Македонија е уникатен случај во меѓународни рамки.

Како и да е, би требало секој што говори или пишува за овие нешта, да умее да прави разлика меѓу рабатот и маржата. А деновиве слушаме разни „експерти“ кои објаснуваат дека разликата меѓу набавната и продажната цена на производите треба да биде 10% и дека така на „алчните трговци“ ќе им се намалел профитот. Ова навистина е многу сериозно непознавање на нештата.

Какви ли се тие „безобразни“ маржи од 40%?

Да се вратиме на нашиот пример и да останеме на влезната цена на нашиот производ од 75 денари. Разликата од таа влезна цена до продажната цена на производот од 100 денари – во случајов, значи, 25 денари – се нарекува маржа.

Има две големи заблуди околу маржата.

Првата заблуда е дека постои (или треба да постои) една единствена маржа за сите производи. И тоа е сериозно непознавање на работите. Постојат производи со поголема фреквенција на продажбата (основните прехрамбени артикли, на пример) и за нив трговецот, логично, определува пониска маржа. Поголемниот обрт на тие производи, кај некои буквално на дневна основа, тоа го оправдува. Но, не е така со сите производи.

На пример, дали е разумно трговецот во маркетот да определи маржа од 12% за елек, колку што изнесува маржата за друг производ кој се троши масовно и на дневна основа? Се разбира дека не е разумно. За еден месец, тој можеби ќе продаде 10 елеци – колку ќе заработи со маржата од 12%? А елеците ќе држат место на рафтовите. Соодветна маржа за таков производ би била 40% или 50%.

И затоа, кога денес се вреви дека во големите синџири маркети некои производи биле со маржа од 40% – без при тоа да се каже за какви производи станува збор – се создава впечаток дека трговците „дерат“ со толку високи маржи и на основните прехранбени производи. А тоа, сепак, е далеку од вистината.

Заблудите за профитите

Втората голема заблуда е дека маржите се чист профит на сопствениците на трговските ланци. Можеби и затоа во некои анализи се нарекуваат и „профитни маржи“.

Со разликата меѓу влезната цена и продажната цена, трговците ги надоместуваат сите трошоци во работењето – тука се платите за вработените, кириите за продавниците, струјата, водата, греењето, ладењето и мал милион други трошоци. Она што ќе остане на крајот е профит (добивка).

Во нашиот случај, од производот чија продажана цена е 100 денари, а маржата е 25 денари, чистата добивка за сопственикот на маркетот е 2 или најмногу 3 денари.

Заблуда е и вообичаеното мислење дека своите профити газдите на маркетите ги арчат на луксузирање и на разни видови „аздисаност“. Напротив, најголем дел од парите завршуваат во реинвестирање. Конкуренцијата и сега не е наивна, треба да се обезбедат нови објекти, нова опрема, нови производи, модернизација, дигитализација, кеш флоу… А утре, со најавеното влегување на „Лидл“, реинвестирањето за многу синџири маркети ќе биде прашање на голо преживување. Веќе сега се проценува дека сите ќе имаат пад на прометот, бидејќи „Лидл“ во Македонија влегува моќно, според некои сознанија со неверојатни 175 милиони евра во чекмеџето.

Приказни за мали деца

Е сега, кога го знаеме сето ова – а ова се податоци кои се јавно достапни и познавчите лесно можат и потемелно да ги изанализираат – доаѓаме до клучното прашање. Дали, колку и како можат да се намалат цените во маркетите со напад врз трговците?

До сега тоа се правеше со владини акции, а сега, еве, гледаме, се прави обид врз трговците да се изврши притисок со нивно шиканирање и со бојкот на маркетите.

Бидејќи во економијата, нели, нема бесплатен ручек, јас секогаш сум за тоа да се види дали објективно постојат „резерви“ за едно помасовно и економски оправдано намалување на цените, одржливо на подолг рок.

Приказните дека такво нешто е можно да се случи на тој начин што „алчните трговци“ ќе се откажат од „високите маржи“ и од „високите профити“, се приказни за мали деца.

Еве, да се обидеме тоа да го докажеме со еден едноставен пример. Кутија со 10 јајца во некои маркети се продава по цена од 70 денари. Да претпоставиме дека трговецот ќе се откаже од целиот свој профит од 3%. На тој начин цената ќе се намали само 2 денари. А тоа е ништо, бидејќи купувачот очекува значително поевтинување, на пример 10 јајца за 60 денари. Тоа е невозможна мисија.

Дали може државата да стори нешто за намалување на влезните цени, односно да ги поевтини производите додека тие се кај производителот? И тоа е невозможна мисија.

Единствена реална опција е државата на овој проблем да гледа како на прашање од социјалната сфера и да го решава со мерките на социјалната политика. А тоа е веќе една сосема друга тема, за која би можело да се кажат многу работи.

Сепак не е исто Хрватска и Македонија

Инаку, идејата за бојкотот на маркетите кај нас се „увезе“ од Хрватска. Се заборава дека Хрватска ги трпи последиците на чувствителното прилагодување на еврото како национална валута. Но, се заборава и фактот дека сите пет поголеми синџири маркети во Хрватска („Конзум“, „Лидл“, „Спар“, „Плодине“ и „Кауфланд“), во споредба со македонските синџири на маркети (освен „Веро“, „Тинекс“ и „Рамстор’) имаат значително повисоки маржи. Така, маржите во хрватските маркети се меѓу 22% и 38%. Бруто маржите во маркетите во Србија се уште повисоки.

Во Македонија има две групи маркети. Во првата се маркетите кои поради својата структура и концепт на продажба имаат повисоки бруто маржи: „Веро“ 27,6%, „Тинекс“ 28,8% и „Рамстор“ 37,1%. Но, маркетите кои се фокусирани главно на продажба на храна, средства за хигиена и стоки за широка потрошувачка, имаат многу пониски маржи: „КАМ“ 13,8%, „Кипер“ и „Стокомак“ 13,1%, „Кит-Го“ 12,2%.

Со неколку исклучоци, профитните стапки во сите маркети во регионот се движат меѓи 1% и 4%.

Неприфатлива хајка

Да заклучам. Навистина немам намера никому да му го уривам бојкотирачкиот ентузијазам. Под притсок на државата, а сега и на граѓаните, сопствениците на нашите синџири маркети ќе смислуваат разни акции и други палијативни мерки за „намалување на цените“. Впрочем, од короната наваму, ние постојано сме со некакви „замрзнати цени“ на некои производи, на одреден рок. Бројката на производи со такви плафонирани цени постојано се зголемува (слушнавме неверојатна цифра од 1.500 такви производи). „Одмрзнувањата“ на цените постојано се одлагаат.

И така, всушност, на дело се промовира една робустна етатистичка контрола врз еден важен сегмент на економијата, за која сакаме да се фалиме дека ни е пазарна.

Трговците се луѓе како и сите други. Како и политичарите. Како и новинарите. Како и Фејсбук активистите. Меѓу нив има и чесни и нечесни. Затоа и верувам во законска контрола и санкционирање на она што не е дозволено. Но, искрено не верувам дека нешто може да се постигне со оваа хајка во која трговците се обвинуваат дека се профитери, дека го „дерат“ народот и дека се аздисани.

Патем речено, за да се докаже оваа теза, најчесто се посочува на апсолутните износи на профитите на синџирите маркети. Но, ете, дури и да го прифатиме тој манипулативен дискурс што ни се наметнува, со споредба на апсолутните бројки на профитите на некои други компании (кои не се од трговијата), се доаѓа до фрапантни сознанија.

Така, на пример, на листата на најуспешни (најпрофитни) компании за 2023 година, пред првиот синџир маркети кој е на 40-тото место, има и неколку впечатливи во секој поглед. Еве три такви:

Меѓу првите десет е фирма со 766 вработени, која остварила промет од 95 милиони евра и профит од 20,8 милиони евра.

Друга фирма, со 3 вработени, остварила промет од 18,5 милиони евра и чист профит се 17,8 милиони евра.

Мој апсолутен фаворит од оваа листа е фирма со 0 (нула) вработени, која остварила промет од 15,7 милиони евра и чист профит од 15,6 милиони евра!

Сепак, не сум спремен никоја од овие фирми да ја наречам профитерска и кого било да обвинам за алчност. Сакам да верувам дека има некои луѓе факмани кои си нашле свое место под сонцето, своја ниша на пазарот, па ете, си прават толкави профити.

Но, не можам да се изначудам со каква леснотија и општествена неодговорност десеттина наши синџири маркети, во кои секојдневно се снабдуваме со квалитетни производи, обвинуваме за профитерство а нивните сопственици и менаџери ги нарекуваме алчни и задисани. Во овие маркети работат повеќе илјади луѓе, наши сограѓани, со кои се среќаваме секој ден. Морам да го споделам своето чувство е дека нашиот однос кон овие компании и кон тие луѓе, најблаго речено, некоректен.

Бојкотирале или не, ете така стојат работите.

Пушува: Бранко Героски

Извор: Plusinfo.mk

Македонија

Зголемен е бројот на финансиски измами на социјалните мрежи

Published

on

Граѓаните да бидат максимално внимателни и да не споделуваат лични податоци со непознати лица, апелира СВР Битола. Полицијата ги известува граѓаните дека во изминатиот период е забележaна зголемeна активност на измамници кои преку социјалните мрежи се претставуваат  како финансиски советници кои нудат различни услуги.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на СВР Битола:

„СВР Битола ги известува граѓаните и правните субјекти дека Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола во изминатиот период забележа зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути или услуги за посредување при остварување на право на наследство од друга држава. Овие лица користат лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите. По воспоставувањето контакт преку социјалните мрежи, измамниците комуницираат со жртвите преку телефонски повици, користејќи VOIP броеви, кои обично изгледаат како локални броеви, за жртвите да стекнат доверба.

Во текот на разговорот, тие ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап, под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување. Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат парите од банкарските сметки, со што им предизвикуваат значителни финансиски штети.

Исто така, во континуитет се присутни и таканаречените „Phishing“ измами кои функционираат на тој начин што до граѓаните се праќаат пораки од модифициран меил или лажиран локален телефонски број, во кои најчесто стои URL линк, кој води до веб страна што е дизајнирана да изгледа како легитимна веб страна на пошта, некоја државна институција или правен субјект, при што од граѓаните и правните субјекти  по разни основи се бара да внесат податоци од платежни картички, сметки и други лични податоци кои потоа се злоупотребени на најразлични начини.

Со цел заштита на граѓаните и правните субјекти, во насока на информирање за постоечките ризици и спречување тие да станат жртви на ваквите интернет измами, СВР Битола апелира граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа од нив се бара, како и да не инсталираат софтвери за далечински пристап на барање на непознати лица.

Исто така, да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, а правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер, согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, а доколку постои случај во кој се компромитирани лични податоци или податоци од платежна картичка, или се сомневаат во било каква измама, за истото веднаш да ја известат банката која ја издала платежната картичка, а случајот да го пријават во најблиската полициска станица“, се вели во апелот на СВР Битола.

Continue Reading

Македонија

Интегрирање на универзитетските клиники, а не само административно спојување, ни препорачува СЗО

Published

on

Хроничен недостиг од здравствени работници, особено во специјализираните области, многу болници во државава немаат потребна инфраструктура за да обезбедат модерни здравствени услуги, застарена опрема, а некаде каде има опрема, нема персонал кој да ја употребува.

Ова се дел од наодите на мисијата на Светската здравствена организација (СЗО) за истражување на болничкиот сектор во Македонија, спроведена во март 2024 година. Клучните наоди и препораките на експертите за подобрување денеска во Скопје ги претстави доктор Јана Марин, консултат на СЗО.

Во однос на управувањето и менаџирањето на болниците, констатирано било дека управувањето е често под политичко влијание. Тие политички назначувања на директори многу често биле проследени со недостаток на јасно дефинирана рамка на одговорност.

– Во Мисијата учествуваа пет интернационални експерти предводени од Канцеларијата на СЗО за Европа кои беа тука со основна цел да ги проценат предизвиците со што се соочуваат болниците, како и да ги проценат можностите за подобрување на болничкиот сектор и усогласување со евроспките и меѓународните стандарди. Меѓу другите цели на мисијата, беа да се развие унифицирана визија за болничкиот сектор во Македонија, да се идентификуваат многу важно потребите за градење на капацитети и техничка помош на државата, како и да се промовира интеграција на услугите според нови модели на нега, каде што пациентот ќе биде во центарот на здравственот систем. Методологијата што беше користена беа средби со директори на болници и институции, клучни чинители во системот, теренски посети на болници и клиники, консутлации со меѓуанродни експерти и на крајот имаше работилница за дијалог со Министерството за здравство за креирање на здравствени политики, појасни Марин.

Првата генерална опсервација била дека во земјава има многу голем број на болници и оти болничкиот сектор е фрагментиран.

– Ние имаме, зависно како ги броиме, околу 70 болници на 1,8 милиони жители. Голем дел од нив се недоволно искористени, кај голем дел од нив се преклопуваат здравствените услуги нерационално, посочи Марин.

Една од препораките на експертите е да се направи интегрирање на универзитетските клиники во единствен координиран систем заради подобра искористеност на ресурсите и оптимизација на истите.

– Тука би сакала да нагласам дека препораката се однесува на интегрирање на клиниките, а не само на административно спојување во еден правен субјект, подвлече таа.

Доктор Аким Али, претставник на СЗО во државава, рече дека првата национална консултација за болничка реформа во Македонија што се одржува денеска, е многу важен настан. Според него, претставува пресвртница на патот кон подобра, ефикасна и ефективна здравствена грижа во државава.

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, реформата на болничкиот сектор во државава е стратешки приоритет и морална обврска кон граѓаните.

– Нашата визија е здравствен систем што е поеднаков, поефикасен и поодговорен. Денешната консултација е значаен чекор во овој процес, служејќи како платформа за соработка и транспарентност. Светската здравствена организација и Европската Унија ни дадоа јасна визија за модернизација и трансформација на болничкиот сектор. Сегашните политики ја препознаваат потребата од промена на здравствените приоритети кон промоција на здравјето и превенција на болести. Анализите покажуваат дека стареењето на населението и промените во животниот стил бараат оптимизација на ресурсите, истакна Таравари.

Како што соопшти, според извештајот на ФЗО од 2023 година, најголемиот дел од јавните расходи се насочени кон секундарна и терцијарна заштита.

– Половина од болничките кревети се во Скопје, што создава нерамномерна распределба и предизвици за региони со ограничен пристап. Постојат значителни разлики во искористеноста на болничките кревети, при што само мал број специјалности постигнуваат оптимално искористување од 80 до 85 отсто, додека повеќето имаат искористеност од 30 до 50 проценти. Ова укажува на потреба од рационализација и подобра функционална распределба, смета Таравари.

Тој рече дека иднината на болниците ќе биде обликувана преку модернизација на инфраструктурата, реформирање на финансирањето и интеграција на услугите. Како што додаде министерот, Европа веќе применува интегрирани модели што поврзуваат примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита, со цел елиминирање на непотребните препреки и дуплирање на ресурси.

– Болничките капацитети треба да се насочат кон амбулантски услуги, еднодневни и краткотрајни престои, при што се потребни инвестиции во човечки ресурси, подобрување на работните услови и континуирана едукација. Рационализацијата на леглата и интеграцијата на специјализираните болници ќе овозможи фокусирање на акутната нега. Квалитетот и безбедноста на здравствените услуги зависат од соодветна регулатива, стандарди и индикатори за континуирано подобрување. Привлекување и задржување на квалификувани здравствени работници е клучно за испорака на висококвалитетни услуги. Реформата ќе придонесе кон реализација на националната стратегија за здравство 2021-2030 и целите за одржлив развој на ООН. Оваа трансформација бара храброст, посветеност и соработка на сите засегнати страни за да се обезбедат квалитетни здравствени услуги за граѓаните, рече Таравари.

Continue Reading

Македонија

Требал да одлежи во ПОПРАВЕН ДОМ ТЕТОВО, сега веќе е во ИЗ Шутка 20-годишникот кој ја прегази Фросина на Партизанска (ВИДЕО)

Published

on

20-годишникот кој ја прегази Фросина на Партизанска, има притвор од 30 дена во ИЗ Шутка, иако претходно требало да одлежи ВПД Тетово.

Ќе одлежи 30 дневен ефективен притвор кој му е определен во ИЗ Шутка, а за претходните дела, како што е наведено во соопштението на јавното обвинителство, требало да лежи како помлад полнолетник во село Волковија, близу Брвеница, меѓу Тетово и Гостивар.

Целиот текст на vecer.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк