Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити: ГРУБИ КОГА ТОГАШ ЌЕ СЕ ВРАТИ

by Redakcija
31.01.2025
in Uncategorized

Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека од посетата на САД, по повод инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, владината делегација се вратила со „позитивно очекување за интензивирање на евроинтеграцискиот процес“.

„Tоа е Америка. Ние треба да вложиме сѐ за да добиеме влијание таму зашто многу работи таму се решаваат. Оптимист сум дека тоа оди во прилог на одблокирање на евроинтеграцискиот процес“, рече Меџити во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, прашан за очекувањата од американскиот претседател Трамп во решавањето на проблемот со нашето интегрирање во ЕУ.

Меџити рече дека присуствувал на значајни настани и средби за време на престојот во САД, а за обвинувањата од опозицијата во врска со поканата за инаугурацијата, одговори дека поканите не ги потпишува Трамп, туку се од Конгресот на САД и работни групи што ги формирал за таа цел.

„Треба да слушнеме што викаа ДУИ пред шест месеци… Дека оваа влада е проруска, просрпска… И сега кога одиме на инаугурација во САД зборуваат нешто друго и се контрадикторни самите себеси“, рече Меџити.

На прашањето дали коалицијата Вреди стои зад ставот на премиерот Христијан Мицкоски за одложени уставни измени, Меџити одговори дека „премиерот бара гаранции и тука бараме решение“. Посочи дека имаат различни видувања во однос на интензитетот и динамиката за решение, но сето тоа, како што рече, „на крајот на денот ќе се испегла“ во заеднички став на партнерите во Владата.

„Битно е што како политички партии сме европски настроени и сите сакаме и работиме да има решение. Никој не е против Бугарите да бидат во Уставот, но сите да бидат вин-вин во процесот“, рече првиот вицепремиер во интервјуто.

На прашањето дали Вреди ќе стане партија со еден лидер, како што беше најавувано на последните избори, одговори дека и на локалните избори ќе настапи како коалиција, додавајќи притоа „и вака функционираме успешно“.

„Покажавме на парламентарните избори, со заедничка програма и кампања, заедно сме дел од Владата и не гледам проблем и на локалните избори Влен (Вреди) да биде како чадор, со заеднички листи и кандидати, а после изборите најверојатно може да се зборува Влен да биде едно“, додаде Меџити, чија партија Демократско движење е една од четирите во коалицијата Вреди.

Тој смета дека вонредни избори се непотребни зашто Владата има стабилно мнозинство, а изјавите од ДУИ дека ќе има предвремени избори на кои тие ќе победат ги смета за  стратегија на опозициската партија за да го задржи членството кое ѝ бега.

„Не сум против предвремени избори, но се непотребни. Оваа влада има најголемо мнозинство, двотретинска поддршка во Собранието и е неприродно да се оди на вонредни избори… ДУИ долго беа власт и уште не им се верува. Тоа им е стратегија за да не им бегаат луѓе, па ветуваат дека се враќаат за три, за шест месеци, и даваат лажна надеж дека ќе има локални и парламентарни избори. И анкетите и сите анализи покажуваат дека подолго време ќе останат опозиција. Влен (Вреди) пак ќе има убедлива победа во однос на ДУИ“, изјави Меџити.

За неговата поранешна партија ДУИ  рече дека е „жално каде беше и каде се најде“, не гледа дека таму има процес за реформирање и оти таа „ќе остане вака како што е“.

Во врска со Артан Груби и дали смета дека некој му помогнал во бегството, Меџити одговори дека ДУИ долго време била на власт и, како што рече, „сигурно имаат уште луѓе по институциите спремни да ги пречекорат овластувањата“. Додаде дека веќе има постапка во МВР за истрага за одговорните за граничниот премин, а дека Груби „кога-тогаш ќе се врати и ќе се соочи со правдата“.

Next Post

Драма во Тетово: Бегство, судир со полиција и предупредувачки истрели

Се трага по 28годишно момче од Неготино

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за петок – 15 август: Еден знак денес не треба да ги одложува своите планови!

6 months ago

Рубио: САД брзо ќе се откажат од преговорите меѓу Русија и Украина доколку нема напредок

10 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.