Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Голо Брдо – Македонскиот идентитет во срцето на Албанија

by Уредник
01.02.2025
in Uncategorized

Голо Брдо е регион, кој со својата природна убавина, културно наследство и историја претставува значајно парче од мозаикот на македонскиот етнички идентитет во Албанија. Лоциранa југозападно од градот Дебар, оваа област опфаќа 21 село, кои претежно се населени со Македонци. Со векови, жителите на Голо Брдо го негуваат својотмајчин македонски јазик, обичаи и традиции, одржувајќи ја живата врска со своите корени, независно од економските, политичките и демографските предизвици со кои се соочуваат.

Географија и природа

Голо Брдо е планински регион кој плени со својата единствена недопрена природа. Богатите шуми, чистите реки и живописните предели се карактеристика на оваа област, која е изолирана од поголемите урбани центри. Селата се расфрлани по ридовите и планините, што ја прави областа атрактивна за сите туристи и намерници кои бараат автентично и тивко место за престој.

Култура и јазик 

Македонскиот јазик е суштински дел од културниот идентитет на жителите во Голо Брдо. Се говори дијалект кој припаѓа на западното македонско наречје, задржувајќи ги сите карактеристики на овој говорен систем. Постарите жители сè уште го користат македонскиот јазик како основно средство за комуникација, додека младите се двојазични, со тенденција кон албанизација поради образовните и општествените околности. Сепак, домаќинствата и понатаму остануваат чувари на македонските песни, приказни и обичаи кои се пренесуваат од генерација на генерација.

Економски и социјални предизвици 

Социјално-економските услови во Голо Брдо се меѓу најтешките во Албанија. Слабата инфраструктура, ограничениот пристап до здравствени и образовни услуги и високата невработеност принудуваат многу жители да мигрираат, главно во Тирана или кон странство. Ова доведува до депопулација на селата и губење на младата работна сила, што е голем предизвик за опстанокот на македонската заедница во регионот.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана – чувар на идентитетот 

Во напорите за зачувување на македонскиот идентитет во Албанија, а со тоа и во областа Голо Брдо, значајна улога има „Македонското друштво “Илинден“-Тирана“. Ова друштво активно работи на промоција и заштита на правата на македонското национално малцинство, како и на зачувување на културата, јазикот и традицијата. Основано во 2009 година, Македонското друштво “Илинден“-Тирана“ се залага за признавање на правата на Македонците низ цела Албанија и нивно официјално признавање како малцинство во регионите каде што тие живеат. Преку културни манифестации, публицистичка активност и соработка со институции во Македонија, ова Друштво обезбедува платформа за Македонците од Голо Брдо, Гора, Мала Преспа и другите области со која ги поттикнува да ја изразат својата етничка припадност. Една од најзначајните активности на Друштвото е организирање на културни настани од македонската историја, меѓу кои се одбележувањето на Илинденското востание, АСНОМ, Денот на независноста на Македонија, како и различни фестивали на македонската култура и уметност. Преку овие настани, Македонското друштво “Илинден“-Тирана успева да ги обедини Македонците од различните делови на Република Албанија и да им даде чувство на заедништво и припадност. Особено е важен придонесот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана во областа Голо Брдо кој активно работи на зачувување на македонската традиција сред населението.

Зачувување на иднината 

Голо Брдо е област која зборува за историјата, борбата и опстојувањето на македонскиот народ во Албанија. Сепак, иднината на овој регион зависи од напорите за решавање на економските предизвици, подобрување на животните услови и обезбедување на образовни можности на македонски јазик. Улогата на организации како Македонското друштво “Илинден“-Тирана е клучна во овој процес. Голо Брдо, со своите луѓе, јазик и култура, останува симбол на македонскиот идентитет кој опстојува, и покрај сите предизвици, во срцето на Албанија. Оваа област заслужува внимание, поддршка и напори за зачувување на нејзината уникатна културна и историска вредност./ Фатри Фетаху координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо.

Next Post

Ѓорѓиевски: Отворени врати за граѓаните, решенија за проблемите

Аљоша Асановиќ во посета на ФФМ: Гледам енергија и знаење!

Препорачани Вести

Денес е Задушница – спомен за починатите

Денес е Задушница – спомен за починатите

11 months ago
Израелските разузнавачи тврдат: Иран успеал да заштити дел од збогатениот ураниум

Израелските разузнавачи тврдат: Иран успеал да заштити дел од збогатениот ураниум

6 months ago

Популарни Вести

  • Проблеми за Македонија пред клучниот меч утре: Двајца клучни ракометари се под знак прашалник за настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски чекор: Курдите во Сирија добија државјанство и национален јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ладен бран ќе ја зафати Македонија: Појава на мразеви за Водици, снег на 21 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Стрежево“ привлекува посетители и без скијање: Пелистер омилена дестинација за зимска прошетка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонското еколошко друштво и НП „Пелистер“ со заеднички чекор кон заштита на природното наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.