Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ОЈО: Се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител за сторена тешка дисциплинска повреда

by Уредник
01.02.2025
in Uncategorized
obvinitelstvo

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 ст.1 алинеја 1 и 6 од Законот за јавното обвинителство. 

Комисијата едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.

„Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Комисијата одржа расправа на која ги разгледа писмените извештаи од известителите по предлогот за поведување дисциплински постапки и писмените изјаснувања на јавните обвинители, по што оцени дека постои основано сомнение дека во двата случаи јавните обвинители сториле тешки дисциплински повреди. Во првиот случај, дисциплинската постапка е поведена против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје поради констатирани неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје. Втората дисциплинска постапка е поведена против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение, како и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети“, велат под ОЈО. 

Бидејќи Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје е веќе оддалечен од функцијата поради кривична постапка која се води против него, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за оддалечување од функцијата и на другиот јавен обвинител против кого е поведена дисциплинска постапка се додека трае постапката против него.

Next Post

Голо Брдо – Македонскиот идентитет во срцето на Албанија

Ѓорѓиевски: Отворени врати за граѓаните, решенија за проблемите

Препорачани Вести

ЕУ свикува итен самит – Украина во фокусот на 6 март!

11 months ago

ОВА Е ПОВИК ЗА БУДЕЊЕ ЗА ЕВРОПА, КАЖАА ЕВРОПСКИ ДИПЛОМАТИ ПО ГОВОРОТ НА ВЕНС ВО МИНХЕН ШТО ПРЕДИЗВИКА ШОК И ЗАГРИЖЕНОСТ

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.