Connect with us

Скопје

Се бара притвор за скопјанката која вчера прегази човек на пешачки

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против една осомничена за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 42-годишна скопјанка на 31 јануари управувала со автомобил “Цитроен Ц1” со скопски ознаки по булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Кога дошла до крстосницата со улицата “Бојмија” и пешачки премин, не ја прилагодила брзината доволно за да може да го запре возилото, да ги пропушти и да не ги загрози пешаците кои веќе поминувале на пешачкиот премин. Затоа со автомобилот осомничената удрила во телото на 38-годишен пешак, кој од ударот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар каде му била укажана помош, па бил пуштен на домашно лекување. Осомничената, по несреќата, веднаш го напуштила местото без да му укаже помош на повредениот што исто така е кривично дело кое и се става на товар.

Имајќи ги предвид сите околности, а пред се фактот што осомничената практично побегнала од местото на извршување на делото без да помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама, јавниот обвинител оцени дека е потврдена опасноста таа да се обидува да ја избегне постапката и кривичната одговорност, па на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за нејзино обезбедување.

Скопје

Возач загина на скопската обиколница, излетал со возилото од патот

Published

on

brza pomos

На 31.01.2025 околу 07.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот- обиколница на град Скопје, во близина на клучка Орман, патничко возило „хјундаи” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од Тетово, излетало надвор од коловозот. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Отворени врати за граѓаните, решенија за проблемите

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска посвети дел од денот на директни средби и телефонски разговори со сограѓаните, покажувајќи лична посветеност кон решавањето на нивните проблеми.

„Уште од рано утринава сум во мојот кабинет, каде што остварив повеќе од 70 контакти со граѓани кои имале потреба од одредена помош или оставиле свој контакт кај општинските служби,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека барањата на граѓаните се детално забележани и дека веднаш се пристапува кон нивно решавање, во зависност од природата на проблемот. Според него, позитивниот прием од граѓаните е доказ за транспарентноста и достапноста на локалната власт.

„Некои граѓани воопшто немаат проблем, туку сакаат пријателски разговор, споделуваат идеи од кои можат да произлезат нови проекти. Ова е уште еден показател дека нашата посветеност носи резултати,“ додаде тој.

Градоначалникот истакна дека за него најважно е секој граѓанин да биде услушан и да се најде решение за неговиот проблем. Тој најави дека ќе продолжи со ваквата пракса, додавајќи дека „ако треба, ќе бидам тука и утре“.

Со иницијативата за директна комуникација со граѓаните, Ѓорѓиевски потврдува дека отвореноста и достапноста се основни принципи во неговото управување со општината.

Continue Reading

Скопје

Лишено од слобода лицето кое вчера во Скопје удри пешак и избега од местото на настанот

Published

on

На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу” и ул. „Бојмија” со патничко моторно возило „цитроен” удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот.

А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк