Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мечка два часа гонела 15-годишник во атар на село во Македонски Брод

by Уредник
03.02.2025
in Uncategorized
mecki

Освен пријавата за случајот добиена на бројот за итни случаи 112, до ЦУК се обратил и 61-годишниот татко на детето искажувајќи голема вознемиреност и страв за животот на децата поради последниот настан

Тинејџер на околу 15 години вчеравечер два часа го следела и гонела мечка во атарот на селото Крапа во Општина Македонски Брод. Детето не било директно нападнато ниту повредено од мечката и успеало да избега, но паднало при бегањето, кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома кон селото.

„На единствениот број за итни случаи е добиена пријава дека во текот на вчерашниот ден во период од 18:15 до 20:15 часот во атарот на селото Крапа во Македонски Брод, возрасна мечка што не била со мали димензии и не личела на одраснато мече што се изгубило, следела и гонела малолетно дете на возраст од околу 15 години“,

информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Освен пријавата за случајот добиена на бројот за итни случаи 112, до ЦУК се обратил и 61-годишниот татко на детето искажувајќи голема вознемиреност и страв за животот на децата поради последниот настан.

Таткото на 15-годишникот информирал дека во последната година зачестиле средбите со мечки, односно дека сè почесто ги гледале во нивната околина. Пред еден месец, како што рекол, мечка им грабнала една заостаната овца при движење на стадото и ја изела. Тоа го утврдиле откако нашле остатоци од исчезнатата овца.

„Според искуствената проценка на засегнатото семејство за средби со диви животни, а и според забележаните траги околу нивното стадо од 300 овци во многу наврати, мечка или повеќе мечки во последната година, а особено во време на последниот месец, биле спуштени во понискиот предел во ливадите кон селото Зрзе, но во правец повеќе на село Дебреште близу меѓуопштинската граница со Општина Прилеп, а сепак на територија на Општина Македонски Брод. Според трагите и лаењето на кучињата од селото Крапа, мечката или мечките се движеле и кружеле сè почесто и сè поблиску до селото, а секако и до трлата со добиток“,велат од ЦУК.

За случајот со 15-годишникот, кој бил следен од мечка, ЦУК ги информирал сите релевантни служби и институции во Системот за управување со кризи со цел преземање безбедносни мерки за заштита на граѓаните и нивниот имот од можни напади на диви животни, во конкретниот случај од мечките на територијата на село Крапа.

Извор: 360stepeni.mk

Next Post

Коњановски: Во Битола ќе се градат три спортски сали

ljutkov

Љутков: Зголемен буџет и транспарентност во поддршката на културата

Препорачани Вести

МБИ10 во нагорен тренд, Макпетрол и KMB со силни перформанси

9 months ago

Маж од Битола се удави во Охридското Езеро

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.