На 02.02.2025 во 23.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода И.Р.(20) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.